Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Прво појавување на Меган Маркл откако ја напушти Англија (фото)

Во вторникот, Меган за првпат се појави во јавноста откако ја напушти Англија и замина во Канада.

prvo-pojavuvanje-na-megan-markl-otkako-ja-napushti-angilja-foto-01.jpg

Војвотката од Сасекс излегла од домот околу 10 часот наутро и се упатила кон аеродромот Victoria Harbour, а по фотографиите се гледа дека е во одлично расположение.

prvo-pojavuvanje-na-megan-markl-otkako-ja-napushti-angilja-foto-02.jpg

Оттаму, Меган го посети женското засолниште Downtown Eastside Women’s Center во Ванкувер, со цел да им понуди поддршка на тамошните жени.

Од засолништето објавија и фотографија од Меган и 8 други жени, со описот:

„Гледајте со кој пиевме чај денес! Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, денес нè посети за да разговараме за проблемите со кои се соочуваат жените во заедницата.“

prvo-pojavuvanje-na-megan-markl-otkako-ja-napushti-angilja-foto-03.jpg

Еден од вработените изјави дека дознале за посетата на Меган дури кога таа пристигнала.

Засолништето им нуди храна и ги задоволува најосновните потреби на жените и децата кои имаат потреба од тоа. Притоа, има и советувалиште за нив.

prvo-pojavuvanje-na-megan-markl-otkako-ja-napushti-angilja-foto-04.jpg

Според вработените, Меган ги прашала што им треба на жените и ја понудила нејзината поддршка. Засега е непознато дали таа планира долгорочна соработка со центарот.

8-месечниот син Арчи не беше со Меган, а очигледно посетата на војвотката била кратка бидејќи таа не носеше куфер.

prvo-pojavuvanje-na-megan-markl-otkako-ja-napushti-angilja-foto-05.jpg

prvo-pojavuvanje-na-megan-markl-otkako-ja-napushti-angilja-foto-06.jpg

prvo-pojavuvanje-na-megan-markl-otkako-ja-napushti-angilja-foto-07.jpg

Ова е прво забележување на Меган, но се појавија гласини дека еднаш отишла до аеродромот Victoria International Airport.

Меган е во Канада од минатиот петок, додека Хари е во Британија и преговара за нивната одлука да се откажат од кралските должности. Парот најверојатно ќе се обедини подоцна неделава, кога Хари ќе оди во Канада.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg