Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Познати личности кои водат битка со дијабетесот

Дијабетесот не е болест која опасна по живот доколку се третира на правилен начин со лекарска помош, здрава исхрана и редовно вежбање.

poznati-licnosti-koi-vodat-bitka-so-dijabetesot+01.jpg

Постојат неколку фактори што го зголемуваат ризикот од оваа болест, вклучувајќи ги генетиката, животниот стил и тежината.

Дијабетесот е болест која не бира ниту години, ниту раса, ниту пол, ниту, пак, прави разлика помеѓу богати и сиромашни.

И познатите не се имуни на дијабетес, а некои од нив се борат со оваа болест веќе неколку години.

Во продолжение погледнете кои познати личности водат битка со дијабетесот:

Хали Бери

За време на снимање на филм на почетокот на нејзината кариера, во нејзините рани 20-ти, Бери паднала во кома од која не можела да се разбуди со денови. Тогаш дознала дека има дијабетес од прв степен кој е неизлечлив.

Овој тип дијабетес забранува внес на било какви преработени шеќери и јаглехидрати во исхраната.

Актерката вели дека оттогаш па наваму, нејзиниот начин на живот е комплетно променет и со помош на строга диета успева да се справи со болеста.

poznati-licnosti-koi-vodat-bitka-so-dijabetesot+02.jpg

Том Хенкс

На овој светски познат актер првпат му бил дијагностициран дијабетес во 2013-та година. Тој има изјавено дека на почетокот ги одбегнувал непосакуваните симптоми и мачнини и не сакал да се помири со фактот дека има дијабетес.

Но, кога состојбата му се влошила, Хенкс немал друг избор освен целосно да го промени начинот на исхрана и животниот стил. Оттогаш, актерот одбива да прифаќа улоги за кои треба да ја менува својата килажа.

poznati-licnosti-koi-vodat-bitka-so-dijabetesot+03.jpg

Салма Хајек

За разлика од Том и Хали, Салма заболела од гестациски дијабетес, и тоа за време на бременоста со нејзината ќерка Валентина. Овој тип дијабетес е малку „полесен“ од другите и не бара многу строга исхрана.

Сепак, доколку не се третира правилно, овој тип подоцна може да премине во дијабетес од втор степен кој е многу поопасен и поризичен.

poznati-licnosti-koi-vodat-bitka-so-dijabetesot+04.jpg

Ник Џонас

Најмалиот од браќата Џонас, Ник, бил дијагностициран со дијабетес од прв степен на само 13 години.

Минатата година, пејачот на Instagram објави пост во кој напиша дека ова искуство го натерало да води здрав начин на живот, да внимава на исхраната, редовно да вежба и постојано да го проверува нивото на шеќер во крвта.

Тој исто така напиша и дека е поздрав од кога било во животот.

poznati-licnosti-koi-vodat-bitka-so-dijabetesot+05.jpg

Шерон Стоун

Во 2001 година Шерон доживеа мозочен удар од кој едвај преживеа. Актерката имаше обилно крвавење во мозокот и беше последица на несакана случка. За целосно да се опорави и излечи од оваа случка ѝ биле потребни 7 години.

Тогаш ѝ бил дијагностициран дијабетес од прв степен, за кој вели дека многу ѝ помогнал со здравата исхрана и здравиот начин на живот, бидејќи и немала друг избор.

poznati-licnosti-koi-vodat-bitka-so-dijabetesot+06.jpg

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур... На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg