Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Принцот Хари конечно прозборе за одлуката да се повлечат од кралските должности со Меган

Речиси две недели после изјавата на Хари и Меган дека ќе се откажат од кралските должности, принцот конечно прозборе во јавност.

princot-hari-konechno-prozbore-za-odlukata-da-se-povlechat-so-megan-od-kralskite-dolzhnosti-01.jpg

Во неделата, 35-годишниот Хари присуствуваше на настан организиран од поддржувачите на неговата добротворна организација Sentebale, која им нуди поддршка на децата заразени од ХИВ.

Хари одржа говор, во кој конечно прозборе за неговата и одлуката на Меган што го изненади целиот свет:

„Пред да започнам, морам да кажам дека можам само да замислам што сте слушнале или прочитале изминативе неколку недели.

Па, сакам да ја слушнете вистината од мене, не како принц или војвода, туку како Хари, истата личност што многумина ја гледавте како расте изминативе 35 години – но со појасна перспектива“, Хари го започна неговиот говор.

princot-hari-konechno-prozbore-za-odlukata-da-se-povlechat-so-megan-od-kralskite-dolzhnosti-02.jpg

Хари сподели дека Британија е неговиот дом и местото што го сака, како и дека тоа никогаш нема да се промени. Принцот спомна дека ја чувствувал поддршката од сите и се радувал што многумина ја пречекале Меган со „широко отворени раце“.

„Знам дека ме познавате доволно за да ми верувате дека жената што ја одбрав за моја сопруга ги дели истите вредности со мене. Тоа е жената во којашто се вљубив.

И двајцата даваме сѐ од себе да ги исполниме нашите должности за оваа држава со гордост. Штом се венчавме со Меган, бевме возбудени, бевме полни со надеж и бевме овде да служиме.

„Од тие причини, ме растажува што дојде до ова. Одлуката што ја донесовме со сопругата не ја донесовме лесно. Го направивме тоа после многу месеци зборување, после многу години со предизвици. Сакам да нагласам дека ние не си заминуваме, а сигурно не ве напуштаме вам.“ - продолжи Хари.

princot-hari-konechno-prozbore-za-odlukata-da-se-povlechat-so-megan-od-kralskite-dolzhnosti-03.jpg

Хари изјави дека со Меган се надевале дека ќе можат да ѝ служат на кралицата и на државата, но без финансирање од јавноста. Сепак, ова било невозможно.

„Го прифатив ова, знаејќи дека тоа нема да ме промени мене или мојата посветеност. Но, се надевам дека ќе ви помогне да сфатите дека ќе се повлечам од сè за што сум знаел, за да зачекорам во, се надевам, помирен живот.“

Хари ја спомна и неговата мајка, принцезата Дијана, која се залагаше за лицата заболени од ХИВ и сида.

Хари изјави дека му било чест да ѝ служи на земјата и на кралицата. Напомена дека токму таа се грижела за него откако ја изгубил мајка си.

„Секогаш ќе ја имам најголемата почит за баба ми и сум им неверојатно благодарен неа и на семејството за поддршката што ни ја дадоа со Меган.

Со Меган правиме голем скок и ви благодарам што ми ја дадовте храброста да го преземам овој следен чекор.“

princot-hari-konechno-prozbore-za-odlukata-da-se-povlechat-so-megan-od-kralskite-dolzhnosti-04.jpg

Веднаш после изјавата на 8-ми јануари, Меган, заедно со синчето Арчи, се упати кон Канада, додека Хари остана во Англија за да работи на проблемот.

Парот веројатно ќе живее во Северна Америка, но точната локација е сѐ уште непозната.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн Рита Ора се расплака на сцена додека пееше песна што ја издадоа со Лиам Пејн, до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg