Од мал носел облека од мајка му, Крис го стопирала процесот – Трансформацијата од Брус во Кејтлин Џенер

Кејтлин Џенер отсекогаш знаела дека треба да биде жена.

od-brus-do-kejtlin-transformacijata-na-jener-niz-fotografii-01.JPG

Уште од најрана возраст ги облекувала алиштата на мајка си и имала чувство дека е „поразлична“.

Во средно, Брус бил фудбалер со девојка. Но, подоцна се повредил па засекогаш се откажал од спортот.

Ова не го спречи да освои олимписко злато, но неговата тајна желба никако не си заминувала. Брус сакал да биде жена.

Веќе до 1980-тите, таканаречениот „Најдобар атлет во светот“ земал хормонална терапија и ја започнал трансформацијата.

Но, сè запрело кога во неговиот живот дошла Крис Џенер. Конечно, во 2015-та, Брус ја откри својата тајна и оттогаш за светот Кејтлин Џенер.

Погледнете како изгледало „патувањето“ на Кејтлин:

Обично дете кое ја сакало облеката на мајка си

Роден во октомври 1949-та во Њујорк, Вилијам Брус Џенер бил среќно дете, но со голема тајна.

Уште од 8 или 9-годишна возраст, тој скришум ја носел облеката на мајка му или сестрите.

Облеката секогаш ја враќал на точно истото место, за никој да не дознае.

od-brus-do-kejtlin-transformacijata-na-jener-niz-fotografii-02.JPG

Популарен средношколец

Во средно, Брус бил среќен и популарен ученик. Имал девојка и играл фудбал.

Но, тајното носење женска облека продолжило.

Срамот од ова однесување го натерало да стане спортист, надевајќи се дека ќе се ослободи од навиката.

od-brus-do-kejtlin-transformacijata-na-jener-niz-fotografii-03.JPG

Девојката во средно

Мишел Росентал била девојката на Брус во средно.

Кога слушнала за неговата транзиција, била навистина шокирана:

„Никогаш не би помислила на тоа, а го знам уште од средно. Кога излезе веста… мислам дека сите беа шокирани.“

od-brus-do-kejtlin-transformacijata-na-jener-niz-fotografii-04.JPG

Промена на спортската кариера

После средно, Брус си го повредил коленото и ова го спречило да игра фудбал.

Тогаш, со поддршката од неговиот тренер Џек Паркер, Брус ѝ се посветил на атлетиката. Останатото е историја.

od-brus-do-kejtlin-transformacijata-na-jener-niz-fotografii-05.JPG

Првата сопруга знаела за неговата тајна

Брус беше во брак со Кристи Кроуновер од 1972 до 1981. Уште во првата година од бракот, тој ѝ кажал дека сака да биде жена.

Штом поминал шокот, Кристи веројатно се надевала дека ќе може да го промени.

Парот има две деца – Бурт и Касандра. Според Кристи, признанието на Брус не предизвикало проблеми во бракот.

od-brus-do-kejtlin-transformacijata-na-jener-niz-fotografii-06.JPG

1976: Од повреда до олимписко злато

1976-та беше златна година за Брус Џенер - тој освои златен медал на Олимписките игри и стана американски херој.

Но, никој не знаел за битката што ја водел со себе.

od-brus-do-kejtlin-transformacijata-na-jener-niz-fotografii-07.JPG

Градење имиџ

Една од причините зошто Брус продолжил да ја чува својата тајна е сите подобности што ги добивал после учеството на Олимписките игри.

Неговата фотографија се најде и на насловната на Sports Illustrated, па јасно е зошто не сакал да се откаже од целото внимание што го добивал.

od-brus-do-kejtlin-transformacijata-na-jener-niz-fotografii-08.JPG

Многу лош обид за филм

Во 1980-та Брус се појави во многу лош филм за бендот The Village People, со наслов „Can’t Stop the Music“.

Повеќето од членовите на бендот се геј, а нивните песни YMCA и In the Navy неретко се сметаат за химни на хомосексуалците.

Брус, се разбира, не е дел од бендот, но се појави во филмот со кратки панталони и кроп-топ маичка.

od-brus-do-kejtlin-transformacijata-na-jener-niz-fotografii-09.JPG

Втор брак

Кога Брус се натпреваруваше на Олимписките игри, Линда Томпсон му беше девојка на Елвис Присли. Тие заедно го гледале преносот од игрите и навивале за Џенер.

Пет години подоцна, Брус се венчаше со Линда.

od-brus-do-kejtlin-transformacijata-na-jener-niz-fotografii-10.JPG

Повторно откривање на тајната

Децата на Линда и Брус, Брендон и Броди, денес се пораснати и живеат со мајка им Линда.

Брус, пак, чекал цели три години пред да ѝ ја открие својата тајна на Линда. Таа не била отворена колку Кристи и се плашела дека синовите ќе го изгубат татко им во транзицијата.

od-brus-do-kejtlin-transformacijata-na-jener-niz-fotografii-11.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg