Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто Мила Кунис има различна боја на двете очи?

Мила Кунис ги освои срцата на гледачите уште на 14 години, со улогата во хит-серијата „That 70s Show“.

zoshto-mila-kunis-ima-razlichna-boja-na-ochite-01.jpg

Додека фановите знаат многу детали за познатата актерка, малкумина забележале дека нејзините очи имаат различна боја. Веројатно причината е што Мила не е родена со овој феномен.

Различната боја на очите е еден вид нарушување познато како хетерохромија. Додека кај некои луѓе разликата е очигледна, кај Мила нарушувањето е посуптилно. Нејзиното лево око е зелено, додека десното има кафеава нијанса.

zoshto-mila-kunis-ima-razlichna-boja-na-ochite-02.JPG

Но штом не се родила со хетерохромија, како Мила го добила нарушувањето?

Актерката била слепа на едното око

Во интервју за Cosmopolitan од 2011-та, Мила се отвори за проблемот со кој се соочувала многу години – хроничен иритис, односно воспаление на рожницата.

„Бев слепа на едното око со години, а никој не знаеше.“

Актерката нема откриено колку долго се справувала со проблемот, но во 2010-та направила операција.

„Повеќе немам слепило. Пред неколку месеци направив операција. Ми го отворија окото и ми ставија нова леќа“, изјави актерката тој период.

zoshto-mila-kunis-ima-razlichna-boja-na-ochite-03.JPG

После операцијата, оперираното око почнало да ја менува бојата, па денес Мила има едно кафеаво и едно зелено око.

Ова е нарушување кое може да биде наследно или да настане од повреда.

Колку луѓе имаат хетерохромија?

Познато е дека само 1% од населението има хетерохромија. Според искуството на Мила, самото воспаление, пак, може да има големо влијание врз животот на личноста:

„Да речам дека не ми се промени животот би било лага. Животот ми се промени и не знам точно како. Не дека сакам да се жалам, но не можам да го напуштам домот со истата слобода како и претходно“, споделила актерката.

zoshto-mila-kunis-ima-razlichna-boja-na-ochite-04.JPG

Мила не е единствената позната личност со хетерохромија.

Кејт Босворт е уште една актерка со различна боја на очите. Наводно, во „Superman Returns“ режисерот ѝ рекол да ги извади леќите и да ја покаже вистинската боја на нејзините очи. Кејт има изјавено дека ѝ било тешко да се адаптира на промените што следеле:

„Брајан (режисерот) требаше да одлучи дали ги сака моите природни очи. Одлучи дека ги сака. Па, сега куклите со Лоис Лејн имаат различна боја на очите, што е навистина чудно.“

zoshto-mila-kunis-ima-razlichna-boja-na-ochite-05.JPG

И актерката Алис Ив има различна боја на очите – едно кафеаво и едно сино.

Во 2012-та таа откри дека некое поранешно момче не ја забележало разликата со месеци:

„Едно момче, со кое набрзо раскинавме, 9 месеци не ја забележа разликата во бојата на моите очи.“

zoshto-mila-kunis-ima-razlichna-boja-na-ochite-06.JPG

Во категоријата познати со некаков вид хетерохромија спаѓаат и Бенедикт Камбербач, Хенри Кевил, Кифер Сатерленд, Оливија Вајлд и многу други.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
Имала слепило на едното око, со родителите побегнале од Украина – Тажни детали од животот на Мила Ку... Родителите на Мила Кунис одлучиле да ја напуштат Украина бидејќи биле Евреи. А, ...
Хејли Бибер за компликациите при породувањето: „Траеше 18 часа, крвавев и помислив дека може да умра... „Породувањето беше најтешкото нешто што сум го направила. Траеше со часови, без ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на ... Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Нико...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg