Омилен пар од македонската сцена – Антониа Гиговска и Иван Јованов (фото + видео)
- Детали
- среда, 04 март 2020
Таа е мила, насмеана, прекрасна. Тој го украде нејзиното срце. Антониа Гиговска и Иван Јованов се еден од омилените парови на македонската сцена.
Неодамна таа на својот Инстаграм профил објави искрена љубовна порака за Иван:
Помнам, не беше одамна. Тогаш имаше искри меѓу нас, но само од далечина. Не знаевме дека ќе бидеме заедно, дека сме исти во сѐ, не само затоа што двајцата сонувавме да пееме, но и заради нашите души... Нема посебна причина за ова, те сакам.
Иван е вокал во „Либеро бенд“ и двајцата, пред сѐ, ги поврзува љубовта кон музиката.
Неодамна, Антониа му приреди прекрасно изненадување на Иван кога му најавила дека ќе одат во Истанбул, а на аеродромот во Скопје му откри дека сепак ќе одат во Рим. Дополнително, купила карти за натпреварот Рома – Јувентус.
Во случај да го пропуштивте видео интервјуто со Антониа кај нас на сајт, кликнете тука.
Е. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





