„Не е лесно да растеш со 3 татковци“ - 16-годишната ќерка на Хајди Клум е првпат на насловна + факти за неа

„Знам дека не е лесно да бидеш моја ќерка. Никогаш си немала можност да растеш ’нормално‘. Но што е нормално? Веројатно не е растење со три различни татковци“ - напиша Хајди Клум во емотивната објава за првата насловна страна на нејзината 16-годишна ќерка Лени, која ќе ги следи нејзините стапки. 

ne-e-lesno-da-si-moe-dete-kjerkata-na-hajdi-klum-kje-ja-krasi-naslovnata-na-vogue-zabavni-fakti-za-nea01.jpg

Ќерката на Хајди Клум планира да ги следи стапките на мајка си, па неодамна позираше за нејзината прва насловна страница, и тоа за германскиот Vogue.

16-годишната Лени Клум ќе ја краси насловната страница на германското издание на познатиот магазин, заедно со нејзината 47-годишна мајка.

Супермоделот се обидува да ја зачува приватноста на нејзините деца и скоро никогаш не објавува фотографии од нив. Но сега, гордата мајка се пофали на Instagram за заедничката фотосесија, со интересен и емотивен опис:

„Многу сум горда на тебе. И не само затоа што го избра овој пат. Знам дека без разлика кој пат ќе го избереш, ќе биде твој. Секогаш знаеш што сакаш и што не сакаш. Ти не си мини верзија од мене. И, среќна сум што можеш да покажеш која си ТИ.

Знам дека не е лесно да бидеш моја ќерка. Никогаш си немала можност да растеш ’нормално‘. Но што е нормално? Веројатно не е растење со три различни татковци, но ти имаш талент да го извлечеш најдоброто од секоја ситуација. Ти си самоуверена млада жена која се бори за нејзините цели.

Се надевам дека без разлика каде си, со тебе секогаш ќе го носиш она што ти го давав изминативе 16 години. За големите одлуки во животот, но исто и за многу малите.

И дури и ако често не сакаш да го слушаш паметниот совет на мајка ти, еве уште еден: не прави ништо што не сакаш да правиш и секогаш слушај го твојот инстинкт.

Сигурна сум дека те очекува возбудлив период. Vogue е најдобриот начин да ја започнеш кариерата од соништата. А, дури и ако ми е малку тешко да те пуштам во овој свет, секогаш ќе правам сè за да бидеш среќна и за да ти се остварат соништата. Горда сум што сум ти мајка!“

ne-e-lesno-da-si-moe-dete-kjerkata-na-hajdi-klum-kje-ja-krasi-naslovnata-na-vogue-zabavni-fakti-za-nea-04.jpg

Хајди сподели и слатко видео со инсерти од нивната фотосесија.

Хајди и Лени направиле заедничко интервју за магазинот, па од Vogue откриваат интересни работи за ќерката на супермоделот:

Лени смета дека мајка ѝ не е „кул“

На прашањето дали смета дека нејзината мајка е кул, Лени одговорила:

„Некогаш она што го правиш е засрамувачко. На пример, некогаш кога танцуваш. Но, кул си кога си полна со самодоверба, а ова се случува често. И забавна си. Но, некогаш кога танцуваш не си кул“.

Лени отсекогаш сакала да биде модел

„Беше прашање на време кога ќе се обидам да станам модел. Првата понуда ја добив на 12 или 13 години, од бренд што сакав да го носам. Тогаш ја молев мајка ми, но не ми дозволуваше. Сега сфаќам дека тогаш сум била премногу мала“.

ne-e-lesno-da-si-moe-dete-kjerkata-na-hajdi-klum-kje-ja-krasi-naslovnata-na-vogue-zabavni-fakti-za-nea-5.jpg

Лени му помогнала на Том Каулиц да ја запроси Хајди

„Најпрво тој побара дозвола од нас, децата. Им однесовме појадок во кревет за Божиќ, тој го зеде прстенот и сите бевме многу нервозни бидејќи изгледаше како мама да се двоуми“.

ne-e-lesno-da-si-moe-dete-kjerkata-na-hajdi-klum-kje-ja-krasi-naslovnata-na-vogue-zabavni-fakti-za-nea-02.jpg

Лени ги нема запознато нејзините соученици во живо – само преку Zoom

„Се преместив во друго училиште за време на карантинот. Ова го планиравме одамна, но се погоди во лош период. Поради тоа, ги знам моите соученици само од Zoom“.

Јавноста греши за нејзиното име

Ако ја пребарате Лени на Google, ќе добиете информација дека нејзиното име е Хелен Бошовен Семјуел. Но, Хајди вели дека тоа не е точно и воопшто не ѝ е јасно од каде потекнува таа информација. Целото име на Лени е Лени Олуми Клум.

ne-e-lesno-da-si-moe-dete-kjerkata-na-hajdi-klum-kje-ja-krasi-naslovnata-na-vogue-zabavni-fakti-za-nea-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит стана вирален хит – Шајло (19) е неверојатна копија на мајка ѝ в... Вирално се споделуваат фотографии од Шајло од ново видео, каде неверојатно личи ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...

Најчитани неделава