Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Убавицата со хрватско потекло во љубовен триаголник со Малума и Нејмар – која е Наталија Барулич?

На само 26-годишна возраст, колумбискиот пејач и текстописец Малума важи за еден од еден од најголемите светски шармери и заводници.

Ubavicata-so-hrvatsko-poteklo-vo-ljuboven-triagolnik-so-Maluma-i-Nejmar-koja-e-Natalija-Barulich 01 630x330.jpg

Неговиот љубовен живот отсекогаш бил во центарот на вниманието, особено со појавата на прекрасната Наталија Барулич.

Имено, станува збор за 29-годишна кубанска манекенка со хрватски корени, која покрај манекенството како примарна професија, се занимава и со музика, односно можеме да ја сретнеме и во улога на пејачка, танчерка и диџеј.

Ubavicata-so-hrvatsko-poteklo-vo-ljuboven-triagolnik-so-Maluma-i-Nejmar-koja-e-Natalija-Barulich 02 630x390.jpg

Интересен факт е тоа што овој поранешен љубовен пар за првпат се запознал токму на снимањето на видео спотот за музичкиот хит Felices los 4, каде прекрасната Наталија и Малума можеме да ги видиме во навистина „врели“ сцени.

Велиме поранешна љубов, со оглед на тоа што минатата есен овој пар ја раскина својата двегодишна врска.

Ubavicata-so-hrvatsko-poteklo-vo-ljuboven-triagolnik-so-Maluma-i-Nejmar-koja-e-Natalija-Barulich 03 630x390.jpg

Но, која е приказната која непрекинато го држи будно окото на јавноста?! 

Велат, вистината се крие во новиот музички хит на Малума насловен Hawai.

Од самото нејзино објавување на Youtube каналот на 29 јули, се крена огромна прашина, а доколку прошетате подолу во коментарите, ќе забележите дека овој музички запис го привлече вниманието не само на обожавателите на Малума, туку очигледно и на љубителите на фудбалот.

Огромен број гласини велат дека токму оваа песна е всушност порака до неговата поранешна девојка, Наталија Барулич.

Песната се заснова на „токсична“ врска која не успеала, односно Малума пее за девојка која сè уште ја сака, но сега е со некој друг.

Премногу „случајно“ е тоа што непосредно по раскинувањето на Малума и Наталија, буквално преку ноќ во јавноста „пламна“ информација дека таа е во врска со бразилскиот ултрапопуларен фудбалер – Нејмар.

И за да биде уште подраматично и за почеток на остар двобој на обостраните обожаватели, Малума и Нејмар дотогаш биле многу добри пријатели.

Ubavicata-so-hrvatsko-poteklo-vo-ljuboven-triagolnik-so-Maluma-i-Nejmar-koja-e-Natalija-Barulich 04 630x390.jpg

Всушност, Наталија Барулич за првпат се запознала со Нејмар на неговата роденденска забава, каде дошла во придружба на својот тогашен партнер, Малума.

Во чест на нивното пријателство, Малума бил главната музичка ѕвезда на вечерта.

Блиски извори на манекенката велат дека хемијата на идниот љубовен пар се развила уште на самата роденденска прослава.

Тие на почетокот ја криеле својата врска, но нивните обожаватели ги откриле според поклопувањето на нивните Инстаграм-објави. Имено, прекрасната Наталија сѐ почесто патувала во Париз, каде што всушност престојува фудбалската ѕвезда Нејмар.

Сомнежите целосно се поткрепија кога таа за неговиот роденден објави нивна заедничка фотографија, со емотивен текст каде воопшто не ги штеди пофалните зборови за фудбалерот, а тој ја нарекува свој „партнер во зло“.

Ubavicata-so-hrvatsko-poteklo-vo-ljuboven-triagolnik-so-Maluma-i-Nejmar-koja-e-Natalija-Barulich 05 630x390.jpg

По првата заедничка објава, следуваа низа останати, па овој љубовен пар имаше и неколку насловни фотографии на светски-познатите портали.

Што се однесува до Наталија, таа сѐ уште го нема декларирано нивниот однос како повеќе од пријателски, но познато за неа е тоа што таа реши да престане да го експонира својот приватен живот во „канџите“ на јавноста, по низата непријатни случувања што ѝ претходеле.

Поради бројни осуди за прекинот на врската со Малума, таа во едно од своите интервјуа изјавува:

Нашата врска беше топло-ладна. Се чувствував како да живеам за мојот партнер, кој не беше секогаш тука за мене. Всушност, тоа беше токсична врска. Дадов 100% од себе, а од него добивав можеби 20%.

Интересно, делот каде што Наталија зборува за токсичноста во нивниот однос, всушност се поистоветува со прологот на музичкиот сингл Hawai.

Ubavicata-so-hrvatsko-poteklo-vo-ljuboven-triagolnik-so-Maluma-i-Nejmar-koja-e-Natalija-Barulich 06 630x390.jpg

Навистина, многу ситници од овој музички успех на Малума нѐ тераат да помислиме дека оваа песна е напишана токму за неа.

Покрај прологот, тука е и споменувањето на Инстаграм-објавите на Хаваи, летната дестинација на која навистина се најде новиот љубовен пар, Нејмар и Наталија.

Дел од обожавателите на Малума направија фотографија на која неизбежно е да се воочат сличностите на споредените фотки, односно оние од видеото на песната Hawai, со објавените на Наталија и Нејмар.

Ubavicata-so-hrvatsko-poteklo-vo-ljuboven-triagolnik-so-Maluma-i-Nejmar-kojа 07 630x480.jpg

Провокација или пак не, по објавата на оваа музичка нумера во јавноста излезе видео како по победата на ПСЖ, Нејмар прославувајќи со својот тим ја пее контроверзната Hawai, а видеото се најде на Инстаграм профилите на неколкумина од познатите фудбалери.

https://www.youtube.com/watch?v=Qrr1CDGTCDQ

Непосредно по оваа објава, излезе видео-снимка од атрактивната Наталија, танцувајќи на песната на своето поранешно момче, на некоја од прославите.

Обожавателите на овие две страни сѐ уште нестрпливо чекаат новитети од овој љубовен триаголник, кој се чини дека никако не престанува да изненадува.

Можеби нова песна на Малума, како втор напад?! Останува да видиме.

Во продолжение ви издвојуваме повеќе фотки од кубанско-хрватската убавица, Наталија Барулич:

Мила М. | Црнобело / фото: Instagram

Би можело да ве интересира:

„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg