Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто ова е најмоќната фотографија од Меган Маркл и каква порака ни испраќа?

И додека нејзиниот сопруг ја убедувал да не присуствува на настанот во Royal Albert Hall, Меган му рекла „не можам да останам дома сама“, a таму таа блескаше како ретко кога.

zoshto-ova-e-najmokjnata-fotografija-od-megan-markl-i-isprakja-silna-poraka-01.jpg

Кога Меган Маркл се појави на кралски настан во јануари 2019 година, поточно на премиерата на премиерата на Cirque du Soleil Totem show, сите светски медиуми пишуваа за прекрасната, бремена војвотка со беспрекорна шминка и топла насмевка.

Но, вистината е дека Меган во тој миг се чувствувала многу поразлично од што говори фотографијата.

Утрото пред настанот Меган му кажала на принцот Хари дека има суицидни мисли, откри неодамна таа во гостувањето во шоуто на Опра.

И додека нејзиниот сопруг ја убедувал да не присуствува на настанот во Royal Albert Hall, Меган му рекла „не можам да останам дома сама“.

zoshto-ova-e-najmokjnata-fotografija-od-megan-markl-i-kakva-poraka-ni-isprakja-01.jpg

Меган во шоуто откри дека ако ја зумирате оваа фотографија ќе откриете колку цврсто тие се држат за раце.

„Ќе видите дека дури ни се побелени зглобовите, додека се смееме и си ја вршиме работата, но двајцата само се трудиме да го издржиме овој миг“, откри Меган.

„И секој пат кога ќе се изгаснеа светлата јас само плачев, а тој ме држеше цврсто за рака.“

zoshto-ova-e-najmokjnata-fotografija-od-megan-markl-i-kakva-poraka-ni-isprakja-02.jpg

Оваа фотографија е лекција дека немате идеја што му се случува некому зад затворени врати. Дури и на луѓето кои се смеат со најголеми насмевки и блескаат, не можете да знаете што всушност им се случува.

На светот Меган воопшто не му изгледаше ниту депресивна, ниту суицидна во тој миг, но сепак нејзиното ментално здравје било нарушено и таа била во опасност.

Тоа ни го носи прашањето: „Како всушност изгледа депресијата?

Неврологот Санам Хафез вели: „Не секоја личност што се бори со депресија ги презентира симптомите пред јавноста. Некои луѓе ја кријат депресијата и на другите им е тешко да забележат дека нешто не е во ред, како што беше случајот со Меган Маркл, која се смешка на кралски настан само неколку часа откако му кажала на сопругот дека има потреба од третман за менталното здравје. Никој не знаеше дека Меган помислувала на самоубиство додека блескаше во синиот светкав фустан.“

zoshto-ova-e-najmokjnata-fotografija-od-megan-markl-i-isprakja-silna-poraka-02.jpg

Бидејќи депресијата понекогаш е тешко да се забележи, треба да внимавате дали вашите блиски луѓе прават промена во рутината или имаат некакви промени во однесувањето, без разлика колку мали и беззначајни ви изгледаат тие, од навики за спиење до сексуална желба или расположение.

Многумина можат да стават среќно лице и да глумат дека сѐ е во ред во јавност, но тоа не значи дека не страдаат или не се борат внатрешно.

Случајот на Меган Маркл е доказ за тоа.

Прочитајте и Луѓето што се самоубиваат не сакаат да умрат, само сакаат болката да престане

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Бившата свршеница на Лиам Пејн прозборе првпат по смртта: „Испраќаше мои голи фотки на други, дрогат... Лиам Пејн и поранешната свршеница Маја Хенри се разделија во 2022-ра, најмногу п...
Славни личности чии сегашни и поранешни партнери станаа вистински пријатели Тејлор Свифт денес е супер другарка со дури три жени кои се или биле во врска/бр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg