Ким Кардашијан и Ирина Шајк со ист вкус за мажи – двете „паднаа“ на шармот на Канје, но и на Кристијано Роналдо


Ким Кардашијан и Ирина Шајк со ист вкус за мажи – двете „паднаа“ на шармот на Канје, но и на Кристијано Роналдо

Најновите фотки од Канје Вест и Ирина Шајк изгледа ги потврдија гласините дека се заедно, но очигледно познатиот рапер не е единствениот маж што ги освоил и Ким Кардашијан и познатиот супермодел.

kim-kardashijan-i-irina-shajk-so-ist-vkus-za-mazhi-dvete-padnaa-na-sharmot-na-kanje-no-i-na-kristijano-ronaldo-01.jpg

И 40-годишната Ким и 35-годишната Ирина беа во врска со Кристијано Роналдо, иако за врската на Ким и фудбалерот нема многу „докази“.

Според изворите, Ким имала кратка авантура со фудбалерот во 2010 година, пред тој да ја почне 5-годишната врска со Ирина Шајк. Наводно, Ким и Роналдо ја почнале авантурата во пролетта 2010-та, откако Ким се раздели со Реџи Буш. Тој период парот бил забележан во Мадрид, Шпанија, каде што наводно разменувале нежности.

Овие гласини ги потврди магазинот US Weekly, со изјава од извор близок до Ким и Роналдо, кој тврди дека тие не ги тргале рацете еден од друг за време на вечерата во Мадрид. Нема фотографии од оваа средба, но изворите велат дека по вечерата, и двајцата си заминале дома.

Погледнете: Први фотки од Ирина Шајк и Канје Вест – на заедничко патување по разделбата со Ким

Изворот на US Weekly тврди дека Ким и Роналдо се запознале откако фудбалерот дознал дека Ким го следела неговиот натпревар во Шпанија. Не е познато колку долго траела нивната романса.

Сепак, Ким и Кристијано се забележани заедно во јавност, но околу шест години по кратката романса, и тоа на концерт на Џенифер Лопез во Лас Вегас, во 2016 година.

kim-kardashijan-i-irina-shajk-so-ist-vkus-za-mazhi-dvete-padnaa-na-sharmot-na-kanje-no-i-na-kristijano-ronaldo-03.jpg

kim-kardashijan-i-irina-shajk-so-ist-vkus-za-mazhi-dvete-padnaa-na-sharmot-na-kanje-no-i-na-kristijano-ronaldo-04.jpg

На YouTube има и видео објавено во 2016-та од страна на Hollywood Now, на кое Ким и Кристијано се фотографираат со група девојки.

„Ким Кардашијан и фудбалскиот крал Кристијано Роналдо изгледа се повеќе од само пријатели!“, стои во описот на видеото.

Кристијано и Ирина, пак, почнаа да се гледаат во 2010-та година, наводно кратко по разделбата на фудбалерот и Ким. Тие се запознаа на кампања за Armani, а неколку месеци подоцна беа на заедничко патување.

kim-kardashijan-i-irina-shajk-so-ist-vkus-za-mazhi-dvete-padnaa-na-sharmot-na-kanje-no-i-na-kristijano-ronaldo-09.jpg

Тие се верија во 2011 година, а во 2012 направија и заедничка фотосесија за насловната на Vogue Spain. Парот се раздели во 2015-та, по пет години поминати заедно.

kim-kardashijan-i-irina-shajk-so-ist-vkus-za-mazhi-dvete-padnaa-na-sharmot-na-kanje-no-i-na-kristijano-ronaldo-06.jpg

По разделбата, Ирина беше со актерот Бредли Купер, сè до 2019-та, а сега изгледа почна врска со уште еден бивши партнер на Ким – Канје Вест. Ирина и Канје сè уште немаат потврдено дека се заедно, но деновиве беа забележани на прошетка во Франција.

kim-kardashijan-i-irina-shajk-so-ist-vkus-za-mazhi-dvete-padnaa-na-sharmot-na-kanje-no-i-na-kristijano-ronaldo-02.jpg

Иако можеби овој спој изгледа необично, Канје и Ирина се познаваат можеби цела деценија - во 2010 година, Ирина се појави во музички спот на Канје.

kim-kardashijan-i-irina-shajk-so-ist-vkus-za-mazhi-dvete-padnaa-na-sharmot-na-kanje-no-i-na-kristijano-ronaldo-07.jpg

kim-kardashijan-i-irina-shajk-so-ist-vkus-za-mazhi-dvete-padnaa-na-sharmot-na-kanje-no-i-na-kristijano-ronaldo-08.jpg

Инаку, Ким и Канје беа во брак 7 години и заедно ги имаат децата Норт, Чикаго, Сент и Псалм. По низа несогласувања, Ким поднесе документи за развод и изгледаше како да ужива во сингл животот.

kim-kardashijan-i-irina-shajk-so-ist-vkus-za-mazhi-dvete-padnaa-na-sharmot-na-kanje-no-i-na-kristijano-ronaldo-.jpg

Сепак, неодамна се појави снимка на која таа плаче заради неуспешниот брак, а потоа ги збуни фановите кога на 8-ми јуни му го честиташе роденденот на Канје со љубовна изјава.

Ден подоцна, се појавија фотките од Канје и Ирина Шајк, а засега Ким уште нема коментар по повод новата романса на нејзиниот поранешен сопруг.

kim-kardashijan-i-irina-shajk-so-ist-vkus-za-mazhi-dvete-padnaa-na-sharmot-na-kanje-no-i-na-kristijano-ronaldo-2.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6-годишната Норт Вест рапува на модна ревија во Париз (видео) Ќерката на Ким и Канје изгледа решила да тргне по стапките на нејзиниот татко – ...
23-годишната ќерка на Еминем со секси фотки од Хаваи Таа е нежна и природна и луѓето ја обожаваат затоа што не е „во филм“ како други...
6-годишната ќерка на Ким Кардашијан со чанта од 31.000 евра Контроверзниот стајлинг на малата Норт Вест повторно поттикна негативни коментар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg