Не знае да го држи бебето, пие вино додека дои – секој пат кога мајчинството на Ратајковски беше мета на критики

Намерно позира и претставува лажна слика

По коментарите дека го држи бебето неправилно и откако дури и британскиот ТВ водител Пирс Морган ја обвини дека таа промовира лош пример за сите идни мајки што би ги држеле нивните бебиња на истиот начин, Емили Ратајковски ги исклучи коментарите на Инстаграм и се обиде да објави серија фотографии на кои позира правилно и на кои го држи детето правилно.

Повторно критичарите не престанаа – овојпат беше обвинета дека намерно позира за да докаже дека неправилно била обвинета во претходните фотографии.

Го користи бебето како моден додаток

Некои луѓе би ја виделе оваа фотографија и би рекле дека на неа мајката го држи сопственото дете, но дел од следбениците повторно се почувствуваа должни да прокоментираат за тоа како таа го користи детето како аксесоар на плажа, за да го нагласи сопственото неодоливо тело и за да покаже дека може да носи бикини и со мало бебе.

Ne-znae-da-go-drzzi-bebeto-pie-dodeka-doi-Kolku-pati-Emrata-bila-meta-na-kritiki-kako-majka-02.jpg

Поставува нереалистична слика за телото

Емили имаше среќа веднаш да се врати во форма по породувањето и веднаш да се врати на работа како модел без никакви лузни, стрии или истегната кожа. Како воопшто и да не родила.

Се чинеше дека се чувствува добро, но за следбениците на Инстаграм тоа беше причина повторно да ја критикуваат.

Овојпат, Емили беше обвинета дека поставува нереалистична слика за телото, со изговор дека тоа не е добро за другите мајки што не се во можност да ослабат и се чувствуваат под постојан притисок да го вратат телото во „топ форма“.

Пие вино додека дои

Покрај фотките од доење, Емили објави и неколку фотки со чаша вино во рака. Нормално, по ова следеа критики затоа што пие алкохол додека го дои синот и секако повторно следеа коментарите дека таа е „лоша мајка“ што не е во можност да го одгледа сопственото дете.

На ниту една од фотографиите не можеме да ја видиме Емили како пие, што можеби укажува на фактот дека само позирала за фотографиите, но сепак, следбениците веднаш побрзаа да ја осудат и да ги искажат своите негативни ставови.

Се чини дека што и да направи Емили, наидува на критики. Дури и кога се обидува да се поправи и да ги смири критички настроените следбеници на социјалните мрежи, тие како само да чекаат да направи еден неправилен чекор за да ја оцрнат.

Што мислите вие?

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Парис Хилтон во штикли на плажа - пропаѓа во песокот додека сопругот вторпат ја запросува „Пет години подоцна, поради него срцето сè уште ми потскокнува. На Денот на...
„Бебето ми паѓаше од вагината, се здебелив 27kg“ – Кајли Џенер откри непознати детали за бременоста „Многу нешта се случуваа со мојата вагина. Бев 3cm отворена околу два месеца. Бе...

Најчитани неделава