Го спасила од мизерија, ја оставал трипати, а таа останала со него – Роби Вилијамс и Ајда слават 11 години брак

Роби признава дека пред неа бил мизерен, а таа го спасила, но на почетокот ѝ раскинувал трипати, облеката ѝ ја праќал во вреќи, а автомобилот со влечна служба – сепак, таа не се откажала од него, сега се 11 години заедно и имаат 4 деца, а слават во Турција. 

robi-vilijams-i-ajda-filds-slavat-11-godini-brak-tri-pati-i-raskinuval-no-taa-ostanala-so-nego-i-go-spasila-01.jpg

Роби Вилијамс и Ајда Филдс стапија во брак во август 2010-тата година и во моментов имаат четири деца. Познатиот пејач минатата година во гостувањето кај Џонатан Рос рече дека Ајда му го спасила животот и напомена дека бил мизерен пред да основа семејство и пред да се вљуби во Ајда.

Роби и Ајда во моментов живеат и работат во Лос Анџелес, САД, заедно со нивните четири деца, но пејачот претходно призна дека не одело сè „како подмачкано“ на почетокот.

Пејачот откри дека истата вечер кога ја запознал американската манекенка, која подоцна ќе стане љубовта на неговиот живот, спиел со неговата дилерка.

robi-vilijams-i-ajda-filds-slavat-11-godini-brak-tri-pati-i-raskinuval-no-taa-ostanala-so-nego-i-go-spasila-02.jpg

Ајда (42) велеше дека не знаела ништо за врската на пејачот со неговата дилерка, но призна дека кога го запознала нејзиниот сопруг, неговиот живот ѝ се чинел помалку тажен, тој ѝ наликувал на лик од романите на Дикенс, затворен во големата палата.

Таа вели дека била свесна уште на почетокот дека пејачот има проблем со злоупотребата на наркотици, но дека тоа не ја спречило да ја почувствува хемијата што постоела меѓу нив.

Но, хемијата не била доволна за да се одржи нивната врска, па Роби на почетокот трипати ѝ раскинувал на Ајда, пред конечно да одлучи дека ќе се „скраси“ со неа.

robi-vilijams-i-ajda-filds-slavat-11-godini-brak-tri-pati-i-raskinuval-no-taa-ostanala-so-nego-i-go-spasila-04.jpg

Роби претходно говореше дека во тој период честопати ѝ раскинувал на Ајда затоа што имал големи проблеми со зависноста од дроги и не бил подготвен за сериозна врска. Првиот пат за да ѝ раскине, дури ја излажал дека планира да оди на рехабилитација.

robi-vilijams-i-ajda-filds-slavat-11-godini-brak-tri-pati-i-raskinuval-no-taa-ostanala-so-nego-i-go-spasila-03.jpg

Ајда во една прилика откри како изгледале тие раскинувања. Како што вели, тој воопшто не ѝ кажал дека раскинуваат, туку едноставно исчезнувал, а нејзините работи ѝ ги праќал во вреќи за ѓубре. Еднаш дури и автомобилот ѝ го пратил со влечна служба заедно со сметката за да плати за превозот на возилото.

Сепак, советите за тоа дека треба да ѝ даде шанса на врската Роби ги добил од две мошне познати холивудски актерки.

„Се сретнав со Камерон Дијаз и Дру Баримор. Почнав да говорам за оваа личност на којашто ѝ раскинав и ги набројував работите зошто сметам дека таа е прекрасна кога Камерон ми рече: ’Мислам дека не си завршил со неа‘“.

По ова Роби конечно решил да ѝ даде вистинска шанса на врската со Ајда, со која денес има четири деца: Теодора (8), Чарлтон (6), Колет (2) и Бо (1).

Роби и Ајда беа забележани како уживаат на луксузна јахта во Турција, додека ја слават 11-годишнината од бракот.

Во продолжение повеќе фотографии од одморот:

 

Прочитајте и Како ќерката му го спасила животот на Роби Вилијамс и уште неколку факти за неа

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg