Ја нарекуваат „божица на природната убавина“, во брак е со 30 години постариот актер Винсент Касел – која е прекрасната Тина Кунаки?!

Францускиот актер Винсент Касел (54) навистина може да се пофали со одличен вкус, особено кога станува збор за жените во неговиот живот.

Ja-narekuvaat-bozhica-na-prirodnata-ubavina-vo-brak-e-so-30-godini-postariot-akter-Vinsent-Kasel-koja-e-prekrasnata-Tina-Kunaki 01 630x330.jpg

Покрај светскиот симбол на убавина – единствената Моника Белучи со која тој беше во брак цели 14 години, неговиот втор избор – 30 години помладата Тина Кунаки, сосема ја распламти јавноста.

Имено, според гласините кои кружат овој љубовен пар се запознал во 2016 година на Ибица, а својата љубов ја круниса со брак во 2018 година.

Како плод на нивната често „оспорувана“ љубов, Винсент и Тина во 2019 ја добија својата ќеркичка по име Амазонија. Од бракот со Моника Белучи тој има уште две ќерки.

„Тина и моите ќерки се божествени, палави суштества без кои едноставно не можам да живеам“ - изјави Касел неодамна.

Но, што знаеме за неговата избраничка Тина Кунаки?!

Тина Кунаки Ди Вита (05.04.1997) е модел кој потекнува од мало баскиско село, а нејзината амбиција за манекенството била видлива уште од мали нозе.

„Пораснав на село. Немавме телевизија и не одевме во кино. Кога бев дете, моите интереси беа ограничени на училиште и фудбал“ - вели младиот модел, објаснувајќи како не знаела дека нејзиниот сегашен сопруг Винсент бил познат актер.

Најпрвин се појавувала во локални реклами и снимала за не толку познати брендови, но откако се преселила во Мадрид нејзината кариера молневито започнала да се движи во нагорна линија.

Тина во своето досегашно портфолио има бројни соработки со едни од најпознатите брендови како Armani, Dior, L'Oreal.

Таа повеќепати се нашла на насловните страници на едни од најпознатите списанија, вклучувајќи го Vogue и исто така неколкупати „запливала“ и во филмските води.

Низ медиумите постојано е „извикувана“ поради нејзината неприкосновено природна убавина и автентичноста поради која е позната и во доменот на својата професија.

Во продолжение повеќе фотки од прекрасната Тина Кунаки:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава