Видео од Амбер Херд како гола ги пречекува љубовниците по кавгите со Џони Деп + Факти за ексцентричниот љубовен живот

Во 2010-та година Амбер Херд излезе и јавно призна дека е бисексуалка, односно дека подеднакво ја привлекуваат и мажи и жени. Се знае дека долго време стравувала јавно да проговори за сопствената сексуална определба затоа што стравувала дека тоа ќе ѝ ја уништи кариерата.

„Не сакам да се означувам себеси на кој било начин. Имам успешни романтични врски и со мажи, а сега со жена. Го сакам тој што го сакам – личноста е важна“ – рече таа.

bila-vo-vrska-so-zheni-na-sudenjeto-tvrdat-deka-go-izneveruvala-djoni-dep-so-ilon-mask-fakti-za-amber-11.jpg

Во 2011-та година се запознала со Џони Деп на снимањето на филмот The Rum Diary, а стапиле во брак во 2015-та година. Во 2016-та година Амбер побара на Џони Деп да му се издаде судска забрана за пристап, го обвини за насилство и тогаш започна судската сага што се провлекува до денес.

bila-vo-vrska-so-zheni-na-sudenjeto-tvrdat-deka-go-izneveruvala-djoni-dep-so-ilon-mask-fakti-za-amber-06.jpg

Во 2017-та година Амбер почна јавно да се гледа со милијардерот Илон Маск. Во претходните судења беше изложено дека основачот на „Тесла“ ѝ понудил 24-часовно обезбедување на Херд која стравувала од гневот на нејзиниот поранешен сопруг.

bila-vo-vrska-so-zheni-na-sudenjeto-tvrdat-deka-go-izneveruvala-djoni-dep-so-ilon-mask-fakti-za-amber-04.jpg

Во 2018-та година Амбер беше во врска со трговецот со уметнички дела Вито Шнабел, кој претходно бил во врска со Хајди Клум. По една година парот се раздели заради тоа што не можеле да ја оддржат врската на оддалеченост.

bila-vo-vrska-so-zheni-na-sudenjeto-tvrdat-deka-go-izneveruvala-djoni-dep-so-ilon-mask-fakti-za-amber-09.jpg

Во 2020-та година Амбер беше во врска со кинематографката Бјанка Бути. Тие беа фотографирани како се шетаат за раце и јавно ја признаа врската, но по една година во 2021-ва година раскинаа, повторно поради преголемата оддалеченост.

bila-vo-vrska-so-zheni-na-sudenjeto-tvrdat-deka-go-izneveruvala-djoni-dep-so-ilon-mask-fakti-za-amber-08.jpg

На 10-ти април годинава Амбер го прослави првиот роденден на ќеркичката Уна Пејџ која ја доби преку сурогат мајка. Засега не се знае кој е татко на детето.

bila-vo-vrska-so-zheni-na-sudenjeto-tvrdat-deka-go-izneveruvala-djoni-dep-so-ilon-mask-fakti-za-amber-10.jpg

Прочитајте и Таа извршила нужда во кревет, тој со урина го испишал нејзиното име на ѕид - Најбизарните моменти од бракот на Џони Деп и Амбер Херд

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg