Амбер Херд имала секс во тројка додека била во брак со Џони Деп, тој бил зависник од апчиња – Нови мрачни тајни на познатата двојка
Во рамки на судењето сведочеше и лекарот на Џони Деп, Дејвид Кипер кој потврди дека актерот актерот во еден период бил зависен од таблети, особено Xanax, што ги консумирал постојано. Лекарот вели дека Џони се сомневал дека ќе успее да ја надмине оваа зависност.
„Не веруваше дека ќе успее да се откаже“ – вели лекарот.

Одбраната на Џони Деп на судењето достави видео-снимки од приватниот лифт во нивната зграда, на кои се гледа дека актерката речиси гола ги пречекувала љубовниците во нивниот дом, по секоја кавга со сопругот.

Адвокатите на Амбер Херд пак, од друга страна, покрај тоа што го обвинија актерот за физичко и сексуално малтретирање, велат дека тој бил мошне љубоморен и опседнат со Илон Маск. Амбер имала кратка афера со основачот на „Тесла“ додека била во брак со Џони Деп.

На судењето сведочеше и Џош Дру, поранешен сопруг на Ракел Пенингтон која е најдобра пријателка на Херд. Тој вели дека Амбер Херд во 2016-та година непосредно пред разводот со Џони Деп имала секс во тројка со Илон Маск и Кара Делевињ на таванот од станот на нејзиниот тогашен сопруг.

Се очекува Кара Делевињ да сведочи на судењето, а Илон Маск во изјава ги негираше тврдењата и рече дека тој и Кара се пријатели и никогаш немале интимни односи. Им порача на Амбер Херд и на Џони Деп да ја „закопаат секирата“ и да продолжат понатаму со животот.
„Животот е премногу краток за таква продолжена негативност“ – вели Маск.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о...
Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи...
„Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Амбер Херд и уште 11 светски ѕвезди кои преку ноќ станаа омразени поради своите грешки
Елен Де Џенерис беше обвинета за расизам и омаловажување на вработените во шоуто...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м...
Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li...
Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн...
„Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...