Еден сопруг ја изневери со дадилката, друг со проститутки – Бурниот љубовен живот на Ума Турман (фото)
- Детали
- недела, 19 јуни 2022
Ума Турман на филмското платно изгради кариера со мегапопуларните филмови како Pulp Fiction и Kill Bill, но на приватен план нема толку голем успех. Зад себе има два пропаднати брака, долгогодишна судска битка за старателство над најмалата ќерка, но не се откажува од љубовта.

Ума во моментов ја поврзуваат со генералниот директор на Bloomberg Media Group Џастин Смит, а самата признава дека сака да биде во брак.
„Копнеам за структура. Никогаш не сум имала добри навики или формула за тоа како да си го распоредам времето во еден ден, месец, воопшто во животот. Добро е кога имам нешто што ме тера да се фокусирам“ – рече таа во 2008-ма година.

Ума во минатото била поврзувана со повеќе скандали на љубовен план, да погледнеме дел од нив:
Во 1990-та година таа се омажи за актерот Гери Олдман кој беше 10 години повозрасен од неа. Во моментот кога се запознале Ума имала само 18 години, започнале брза романса, но се развеле по само 2 години. Во едно интервју Ума рече дека тој брак бил по грешка.

Во 1998-ма година Ума се омажи за Итан Хок кој беше една година помал од неа и со кого доби две деца: ќерката Маја (23) и синот Левон (20). Тие се разведоа во 2003-та година, откако претходно имаше гласини дека ја изневерил со дадилката Рајан Шохјуз.

Итан претходно не ги коментираше гласините за неверство, но во 2005-та година, по финализирањето на разводот со Ума, се ожени со Рајан со која сѐ уште е во брак и со која има уште 2 ќерки Клементин и Индијана.

Прочитајте и Итан Хок ја изневери Ума Турман со дадилката на нивната ќерка – Која е 23-годишната наследничка на парот?
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн...
Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м...
Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“
Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн...
„Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча
Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н...
Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...