Нови детали од судењето на Џони Деп и Амбер Херд: Таа работела како проститутка, тој имал еректилна дисфункција

„Заради еректилната дисфункција Џони Деп бил агресивен и ја нападнал сексуално Амбер Херд со шише“ – тврделе адвокатите на актерката во судот. Нови документи од судењето покажуваат дека адвокатскиот тим на Амбер го спречил Џони да објави нејзини фотографии на кои се гледа нејзиното проблематично минато.

novi-detali-od-sudenjeto-na-djoni-dep-i-amber-herd-taa-rabotela-kako-prostitutka-toj-imal-erektilna-disfunkcija-01.jpg

Иако јавното судење помеѓу Џони Деп и Амбер Херд официјално заврши со победа на актерот над неговата поранешна сопруга, во текот на минатиот месец судијката Пени Азкарат нареди да се објават други досега необјавени детали од судењето и доказниот материјал.

novi-detali-od-sudenjeto-na-djoni-dep-i-amber-herd-taa-rabotela-kako-prostitutka-toj-imal-erektilna-disfunkcija-02.jpg

Дел од светските медиуми добија увид во документите, па пишуваат дека наводно адвокатскиот тим на Амбер планирал да објави дека Џони Деп зема лекови за да се бори со еректилна дисфункција.

Според адвокатите на Амбер, ова било доказ што објаснува и го поткрепува тврдењето дека тој ја силувал со шише во Австралија.

„Иако Господинот Деп не сака да говори јавно за својата еректилна дисфункција, таквата состојба поттикнува сексуално насилство, како неговиот гнев и употребата на шише за силување на госпоѓицата Амбер Херд.

Заради еректилната дисфункција можно е Џони Деп да бил гневен или агресивен во средбите со Амбер Херд и дека заради тоа употребил шише“ – стои во описот на легалниот тим на Амбер Херд.

novi-detali-od-sudenjeto-na-djoni-dep-i-amber-herd-taa-rabotela-kako-prostitutka-toj-imal-erektilna-disfunkcija-03.jpg

Од друга страна, Деп сакал да го искористи проблематичното минато на Амбер Херд во судењето со цел уште повеќе да ја оцрни, при што сакал да докаже дека таа пред да стане актерка работела како стриптизета и проститутка.

„Разголените фотографии на Амбер Херд или коментарите за нејзиното минато како стриптизета и како проститутка ќе го тргнат вниманието на јавноста и ќе создадат нефер атмосфера и предрасуди, затоа што таа ќе биде покажана како секс симбол, наместо како активист за женските права што се бори за семејното насилство“ – велат од одбраната на Амбер Херд.

novi-detali-od-sudenjeto-na-djoni-dep-i-amber-herd-taa-rabotela-kako-prostitutka-toj-imal-erektilna-disfunkcija-04.jpg

Според нејзиниот тим на адвокати тврдењата дека таа некогаш работела како проститутка се „неосновани, намерни, ирелевантни за судењето и би биле објавени само со цел да се вознемири и да се оцрни нивната клиентка“.

Освен овие тврдења, легалните тимови на двајцата поранешни сопружници тврдат дека тие и двајцата ги обработиле фотографиите на кои е прикажано насилството.

novi-detali-od-sudenjeto-na-djoni-dep-i-amber-herd-taa-rabotela-kako-prostitutka-toj-imal-erektilna-disfunkcija-05.jpg

За потсетување, во официјалното судење за клевета Амбер Херд беше прогласена за виновна и треба да му плати на поранешниот сопруг отштета од 10 милиони долари, како и дополнителни 350.000 долари казна.

Неодамна Амбер ја продаде својата куќа во вредност од 1,05 милиони долари, а најавено е дека ќе поднесе жалба на судењето.

novi-detali-od-sudenjeto-na-djoni-dep-i-amber-herd-taa-rabotela-kako-prostitutka-toj-imal-erektilna-disfunkcija-06.jpg

Прочитајте „Уште го сакам“ - Амбер Херд со шокантна изјава откако го обвини Џони Деп за силување и за насилство (фото+видео)

  Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Првпат посегнала по животот кога ѝ ја одзеле ќерката, смртта на синот ја „дотолчи“ – Тажниот живот н... За првпат посегнала по својот живот кога сакале да ѝ ја одземат ќерката во 1999-...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg