„Сигурно дома ви смрди“ – Мила Кунис и Ештон Кучер критикувани по новите бизарни детали за хигиенските навики

„Одвратни сте“, „Ова не моравме да го знаеме“ - Минатата година актерите Ештон Кучер и Мила Кунис ја шокираа јавноста откако признаа дека децата ги бањаат само кога видно ќе се извалкаат, а деновиве повторно се хит на социјалните мрежи откако споделија нови детали за хигиенските навики во нивното семејство.

sigurno-doma-im-smrdi-reakcii-na-tviter-otkako-mila-kunis-i-eshton-kucher-spodelija-novi-bizarni-detali-od-svojot-sekojdneven-zhivot-01.jpg

Мила Кунис (39) неодамна даде интервју за E! News каде откри дека во нивниот дом имаат бизарна политика на „отворени врати“ во која се вклучени и нивните деца Вајат Изабел (7) и Димитри Портвуд (5).

sigurno-doma-im-smrdi-reakcii-na-tviter-otkako-mila-kunis-i-eshton-kucher-spodelija-novi-bizarni-detali-od-svojot-sekojdneven-zhivot-05.jpg

Актерката призна дека во нивниот дом не се затвора ниту една врата, па дури ниту вратата на тоалетот.

„Никогаш не верував дека ќе можам да одам во тоалет со отворена врата“ – вели таа и додава дека откако почнала да живее со сопругот и со децата сфатила дека воопшто не е важно дали ќе ја затвори вратата затоа што нема некоја разлика.

sigurno-doma-im-smrdi-reakcii-na-tviter-otkako-mila-kunis-i-eshton-kucher-spodelija-novi-bizarni-detali-od-svojot-sekojdneven-zhivot-02.jpg

Појаснува дека одлуката за отворена врата од тоалетот ја донеле откако децата почнале да тропаат на секои две секунди и таа одлучила само да ја остави вратата отворена.

sigurno-doma-im-smrdi-reakcii-na-tviter-otkako-mila-kunis-i-eshton-kucher-spodelija-novi-bizarni-detali-od-svojot-sekojdneven-zhivot-03.jpg

Ова бизарно признание на Мила Кунис предизвика лавина рекции на Твитер, а оние што ја погледнаа веста коментираат дека парот е очаен за внимание:

„Зошто моравме да го знаеме ова“, „Некои работи не треба да се споделуваат во јавност, ова е една од тие“, „Жал ми е за нивните носови“, „Одвратни сте“, „Сигурно ви смрди“ – се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку, минатата година Ештон Кучер и Мила Кунис беа хит на социјалните мрежи откако признаа дека дома не ги бањаат децата и дека воопшто не користат сапун.

sigurno-doma-im-smrdi-reakcii-na-tviter-otkako-mila-kunis-i-eshton-kucher-spodelija-novi-bizarni-detali-od-svojot-sekojdneven-zhivot-04.jpg

Парот отиде уште подалеку па откри дека дури и тие двајцата мошне ретко користат сапун освен под пазувите и на интимните делови од телото.

Прочитајте и Бизарно признание на Мила Кунис и Ештон Кучер: „Децата не ги бањаме додека не се извалкаат, а сапун ретко користиме“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што се случи со Ештон Кучер и Британи Марфи – неговата втора поранешна девојка која почина? Пред да ја почне врската со Британи Марфи, Ештон Кучер сведочеше на судење за уб...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Анџелина Џоли со нови детали за разводот со Бред Пит: „Му ги оставив домовите, не плаќаше алиментаци... „Настаните кои доведоа до мојата потреба да се разведам беа многу емоционално те...
Кендал Џенер и Џејкоб Елорди се новиот славен пар: Џастин Бибер им бил „стројник“, безуспешно пробув... Кендал Џенер и Џејкоб Елроди почнале да се гледаат уште во февруари, а Крис Џене...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...

Најчитани неделава