Беа 7 години во врска, се заколна на верност со прстен – зошто Дејвид Гета се раздели од 25 години помладата девојка?

По разводот со сопругата велеше дека не верува во брак, но на 25-години помладата девојка ѝ даде прстен во знак на ветување дека секогаш ќе останат заедно – зошто Дејвид Гета по 7 години врска се раздели од Џесика Ледон?

bea-7-godini-vo-vrska-i-dade-prsten-no-raskinaa-zoshto-dejvid-geta-se-razdeli-so-25-godini-pomladata-devojka-01.jpg

Речиси секое заедничко појавување на светски познатиот диџеј Дејвид Гета (54) и неговата 30-годишна девојка Џесика Ледон привлекуваше внимание во медиумите, а сега масовно се прошири веста дека по 7 години врска, парот одлучил да се раздели. Весникот The Sun повикувајќи се на сопствени извори пишува дека светски познатиот диџеј одлучил да стави крај на врската со младата актерка. 

bea-7-godini-vo-vrska-i-dade-prsten-no-raskinaa-zoshto-dejvid-geta-se-razdeli-so-25-godini-pomladata-devojka-03.jpg

Причината за нивната разделба е големата оддалеченост. Дејвид во моментов живее на Ибица каде постојано има настапи, а Џесика останала во САД, каде е посветена на својата актерска кариера.

Во 2014-та година Дејвид се разведе од сопругата Катeрин Лобе со која беше во брак 22 години и со која има две деца: синот Елвис (18) и ќерката Енџи (14).

bea-7-godini-vo-vrska-i-dade-prsten-no-raskinaa-zoshto-dejvid-geta-se-razdeli-so-25-godini-pomladata-devojka-04.jpg

Во 2015-та година Дејвид ја почна врската со младата актерка, а во 2017-та година почнаа да се шират гласини за свршувачка.

bea-7-godini-vo-vrska-i-dade-prsten-no-raskinaa-zoshto-dejvid-geta-se-razdeli-so-25-godini-pomladata-devojka-06.jpg

По ова беше појаснето дека диџејот ѝ дал прстен на Џесика за да ѝ покаже дека целосно ѝ е посветен и лојален, затоа што повеќе не верувал во институцијата брак.

bea-7-godini-vo-vrska-i-dade-prsten-no-raskinaa-zoshto-dejvid-geta-se-razdeli-so-25-godini-pomladata-devojka-05.jpg

Инаку, гласините за разделбата на Дејвид Гета и Џесика почнаа да се шират уште во август кога таа објави повеќе фотографии со пријателите до кои напиша:

„Влегувам во нова ера од животот, без да жалам и полна сум со самодоверба“.

Тие двајца за последен пат беа фотографирани заедно во април годинава.

bea-7-godini-vo-vrska-i-dade-prsten-no-raskinaa-zoshto-dejvid-geta-se-razdeli-so-25-godini-pomladata-devojka-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло, Сандра Булок, Ребел Вилсон - Познати личности кои јавно лажеа за годините (и како беа открие... Џеј Ло при полициски распит, Мила Кунис сама призна дека лажела дека е постара з...
Адам Левин ја изневерувал бремената сопруга со 23-годишна девојка - сака да го крсти детето по неа, ... Адам Левин кој го чека третото дете со сопругата Бехати Принслу наводно имал афе...
Никогаш не е доцна: 6 познати актери кои се прославија дури по 50-тата година од животот На сите ни се чини дека Морган Фримен бил славен актер целиот негов живот, но то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg