Прва фотка на принцот од Монако со вонбрачните деца - заради нив сопругата сакаше да го остави, па заврши во ментална установа

Принцот Алберт од Монако неодамна се фотографираше со своите две вонбрачни деца, додека трета жена тврди дека и таа добила дете со него. Неговата сопруга Шарлен, најтажната принцеза на светот, помина подолго време во здравствена институција по скандалозните тврдења дека тој ја изневерувал додека биле во врска и добил уште едно - трето вонбрачно дете.

prva-fotka-na-princot-od-monako-so-vonbrachnite-deca-zaradi-niv-soprugata-sakashe-da-go-ostavi-pa-zavrshi-vo-mentalna-ustanova-01.jpg

Принцот Алберт од Монако (64) за првпат се фотографираше со своите вонбрачни деца од претходните врски.

prva-fotka-na-princot-od-monako-so-vonbrachnite-deca-zaradi-niv-soprugata-sakashe-da-go-ostavi-pa-zavrshi-vo-mentalna-ustanova-02.jpg

Се претпоставува дека оваа фотографија била направена минатата недела кога беше одржано годишното доделување на наградите Princess Grace, во чест на мајката на принцот Алберт, холивудската актерка Грејс Кели која се откажа од актерската кариера кога се омажи за тогашниот владетел на Монако Раниер Трети.

prva-fotka-na-princot-od-monako-so-vonbrachnite-deca-zaradi-niv-soprugata-sakashe-da-go-ostavi-pa-zavrshi-vo-mentalna-ustanova-04.jpg

На доделувањето на наградите присуствуваше и сопругата на Алберт, Шарлен (44), позната и како „најтажната принцеза на светот“, која во последниот период полека почнува да се враќа во јавност откако се шпекулираше дека подолго време поминала во ментална установа во Јужна Африка.

prva-fotka-na-princot-od-monako-so-vonbrachnite-deca-zaradi-niv-soprugata-sakashe-da-go-ostavi-pa-zavrshi-vo-mentalna-ustanova-06.jpg

Ова е првпат да биде објавена фотографија на која владетелот на Монако е со своите вонбрачни деца, а истата беше објавена од страна на Никол Коста, мајката на вонбрачниот син на принцот Алберт, Александар Грималди Коста (19), која до фотографијата напиша: „крал по таткова страна“.

Освен Александар, до принцот Алберт е и неговата ќерка Џазмин Грималди (30), која ја добил од врската со Тамара Ротоло и која го тужела принцот во 1992-ра година.

prva-fotka-na-princot-od-monako-so-vonbrachnite-deca-zaradi-niv-soprugata-sakashe-da-go-ostavi-pa-zavrshi-vo-mentalna-ustanova-03.jpgТамара Ротоло

Принцот Алберт во 2005-та година призна дека е татко на Александар и дека него го добил во аферата со неговата мајка која работела како стјуардеса, додека истовремено бил во врска со неговата сегашна сопруга принцезата Шарлен.

Иако претходно се чинеше дека Шарлен ги прифаќа вонбрачните деца на нејзиниот иден сопруг, непосредно пред нивната свадба во 2010-та година се појавија шпекулации дека тој има и трето вонбрачно дете, по што таа се обидела да го остави и да се откаже од свадбата.

prva-fotka-na-princot-od-monako-so-vonbrachnite-deca-zaradi-niv-soprugata-sakashe-da-go-ostavi-pa-zavrshi-vo-mentalna-ustanova-05.jpg

Наводно, според тврдењето на Бразилката, таа ја добила ќерката во 2005-та година, односно во периодот кога Алберт беше во врска со Шарлен.

Наводно, Шарлен се обидела да побегне, но безуспешно. Нивниот брак со години беше тема на шпекулации сѐ до 2021 година кога Алберт се повика на сопствениот владетелски имунитет со цел да ги избегне судењата за докажување на татковството на третото дете.

prva-fotka-na-princot-od-monako-so-vonbrachnite-deca-zaradi-niv-soprugata-sakashe-da-go-ostavi-pa-zavrshi-vo-mentalna-ustanova-07.jpg

Таа по ова се повлече од јавноста и беше соопштено дека има здравствени проблеми.

Во медиумите имаше шпекулации дека во овој период најтажната принцеза во светот била сместена во ментална институција.

Инаку, Шарлен и Алберт имаат близнаци Жак и Габриела (8), кои речиси секогаш се присутни на сите поважни кралски настани во Монако.

Претходно, вонбрачната ќерка на Алберт, Џазмин објави фотографија на која е заедно со своите полубраќа и полусестра.

prva-fotka-na-princot-od-monako-so-vonbrachnite-deca-zaradi-niv-soprugata-sakashe-da-go-ostavi-pa-zavrshi-vo-mentalna-ustanova-08.jpg

 Прочитајте и Факти за најтажната принцеза на светот – гласини дека била сместена во ментална установа, сакала да побегне од свадбата

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...

Најчитани неделава