„Среќа што кралицата нема да види дека Меган го уништува кралското семејство“ – критики за документарниот филм на Хари и Меган

„Бесрамно глумат жртви“, „Сакаат да ги уништат Вилијам и Кејт“, „Наликуваат на Кардашијанс“ – со овие зборови поддржувачите на британското кралско семејство го оцрнуваат излегувањето на новиот документарен филм на Хари и Меган. За што ќе се зборува во филмот и какви се досегашните реакции?

srekja-shto-kralicata-nema-da-go-vidi-ova-megan-saka-da-go-unishti-kralskoto-semejstvo-kritiki-za-dokumentarniot-film-na-hari-i-megan-01.jpg

Се очекува новиот документарен филм за принцот Хари и Меган Маркл да го следи периодот додека тие сѐ уште беа во врска и почетокот на нивниот брак, а целта им е да покажат зошто морале да донесат одлука за да си заминат од кралското семејство.

„Морав да направам сѐ за да го заштитам сопственото семејство“ – вели Хари во трејлерот за филмот.

srekja-shto-kralicata-nema-da-go-vidi-ova-megan-saka-da-go-unishti-kralskoto-semejstvo-kritiki-za-dokumentarniot-film-na-hari-i-megan-09.jpg

Точно 3 месеци по смртта на кралицата Елизабета, Netflix ја најави премиерата на најновиот документарен филм Harry and Meghan, што на платформата ќе почне да се емитува на 8-ми декември годинава.

srekja-shto-kralicata-nema-da-go-vidi-ova-megan-saka-da-go-unishti-kralskoto-semejstvo-kritiki-za-dokumentarniot-film-na-hari-i-megan-04.jpg

Откако за време на погребот на Елизабета, Хари и Меган покажаа обединетост со Вилијам и Кејт и се појавија заедно, многумина очекуваа дека конечно двата пара ќе се обидат да ги смират односите, но очигледно по новиот документарен филм, тоа нема да се случи.

srekja-shto-kralicata-nema-da-go-vidi-ova-megan-saka-da-go-unishti-kralskoto-semejstvo-kritiki-za-dokumentarniot-film-na-hari-i-megan-02.jpg

Трејлерот за филмот масовно се споделува на социјалните мрежи, а додека некои веќе коментираат дека е убаво што Хари и Меган конечно имаат можност да говорат отворено за сѐ што им се случувало зад затворени врати, други пак, сметаат дека ова е „бесрамен обид“ за да ги уништат Вилијам и Кејт и да го посрамотат кралското семејство.

„Токму на време Хари и Меган го објавија трејлерот за нивната сага во која глумат жртви на Netflix. Бесрамно.

Меган веќе ги уништи членовите на семејството Маркл, сега Хари сака да ја уништи династијата Виндзор. Единствена добра работа е што кралицата нема да го види ова“ – стои во еден твит.

Освен што се соочуваат со критики на социјалните мрежи, британските медиуми во оваа ПР војна (како што ја нарекуваат) застанаа цврсто на страната на кралското семејство, па така денес весникот Daily Mail објави повеќе колумни и статии во кои за Хари и Меган напиша дека се финансиски пресметани и дека целта им е да ја уништат моменталната посета на Вилијам и Кејт во Бостон.

srekja-shto-kralicata-nema-da-go-vidi-ova-megan-saka-da-go-unishti-kralskoto-semejstvo-kritiki-za-dokumentarniot-film-na-hari-i-megan-03.jpg

Според авторката Ребека Инглиш, објавувањето на трејлерот за време на посетата на Вилијам и Кејт на САД е објава за војна.

„Претставниците на кралското семејство беа згрозени и лути вчера кога трејлерот беше објавен на социјалните медиуми пред документарниот филм да биде прикажан на Netflix следната недела како дел од мултимилионскиот договор на Хари и Меган со стриминг платформата.

Исто така беа разочарани затоа што објавувањето е во ист период додека Кејт и Вилијам се во САД, што воедно е нивна прва посета на земјата по 2014-та година“ – стои во текстот.

srekja-shto-kralicata-nema-da-go-vidi-ova-megan-saka-da-go-unishti-kralskoto-semejstvo-kritiki-za-dokumentarniot-film-na-hari-i-megan-07.jpg

Според авторката, Хари и Меган сакаат да станат следните Кардашијанс, а сконцентрирани се само на тоа да заработат што е можно повеќе пари.

srekja-shto-kralicata-nema-da-go-vidi-ova-megan-saka-da-go-unishti-kralskoto-semejstvo-kritiki-za-dokumentarniot-film-na-hari-i-megan-08.jpg

Какви вистини ќе соопштат Хари и Меган во филмот останува да видиме, но ако се земе предвид нивното „бомбастично“ интервју кај Опра од пред две години, тогаш сигурно може да очекуваме нови скандали и детали што ќе покажат една друга страна на омиленото кралско семејство во светот.

Прочитајте и Пред Меган, таа беше „војвотка на скандалите“ во кралското семејство – Што знаеме за Сара Фергусон, сопругата на принцот Ендрју?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги облекува синовите како девојчиња, ги остава кај татко им за да се шета: Зошто Меган Фокс ја нарек... Колку време холивудската актерка Меган Фокс поминува со своите три сина и што ве...
Машин Ган Кели како Ума Турман, а Меган Фокс со крв на лицето - Ѕвездите со спектакуларни маски по п... Парис Хилтон ѝ даде поддршка на другарката Бритни Спирс, па се облече во костимо...
Меган Маркл го прослави 42-иот роденден - Хари покрај неа, а таа блеска од среќа, по гласините за ра... Парот до пред извесен период со месеци се немаше појавено во јавност заедно и кр...
Хари ќе „бега“ во Африка за да се одмори од Меган – Кралскиот пар се разделува, но не се разведува „Тие се надеваат дека тоа што ќе се разделат на различни континенти ќе им помогн...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Принцот Хари мизерен на концерт на Бијонсе, додека Меган Маркл танцува – го проверува телефонот, сто... На фотки од концерт на Бијонсе од се гледа како Меган Маркл енергично танцува, д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg