Пред Марко Јариќ била во врска со Лени Кравиц, тврди дека невиноста ја загубила на 27 години – Факти за Адријана Лима
- Детали
- сабота, 14 јануари 2023
Сосема случајно на 15 години победила на натпревар за убавина, никогаш не сакала да биде модел, а тврди дека била невина сѐ до нејзини 27 години, односно додека стапила во брак со Марко Јариќ – Факти за бразилската убавица Адријана Лима.
Адријана Лима (41) неодамна се појави на модните писти во Катар, каде привлече внимание со променетиот изглед и видно отеченото тело.
Само 3 месеци по породувањето Адријана храбро зачекори на модните писти, а забележително е дека некогашната манекенка која важеше за секс-симбол многу се променила по раѓањето на синот Сијан, кого го доби од врската со Андре Лемерс.
Адријана Лима има богата кариера како манекенка и модел која ја гради веќе 27 години, а во продолжение неколку интересни факти за неа што можеби не сте ги знаеле:
Родена е во 1981-ва година во Бахиа, Бразил. Татко ѝ бил столар, а мајка ѝ социјален работник. Татко ѝ ги напуштил кога Адријана имала само 6 месеци и таа израснала сама со мајка ѝ во Салвадор, Бразил.
За разлика од големиот број други познати манекенки, Адријана како дете не сонувала да биде модел, туку педијатар.
Кариерата ја започнала уште во 90-тите години, кога се појавила на натпреварот „Супермодел на Бразил“.
Интересно е тоа што Адријана на натпреварот за убавина се пријавила по барање на нејзина другарка која не сакала да се пријави сама.
Никој не очекувал дека тогаш 15-годишната убавица ќе го освои првото место, а во 1997-ма година ќе се пресели да живее во Њујорк и ќе потпише договор за агенцијата Elite Model.
Важи за модел кој најдолго време работел за Victoria’s Secret затоа што ги носела моделите на познатиот бренд во периодот од 1999-та до 2018-та година. За време на својата кариера Адријана дури петпати ја имала можноста да го отвори шоуто на модната писта.
Во периодот додека работеше за познатиот бренд, Лима се соочи со голем број критики за диетата што ја промовираше. Имено, таа откри дека ден пред шоуто воопшто не консумира цврста храна и консумира само вода и има двојни тренинзи, а 12 часа пред ревија не консумира ништо, па дури ниту вода.
Таа во едно интервју откри дека е мошне религиозна личност и дека ја почитува католичката религија со која израснала, па дури секоја недела оди на миса. Во една прилика откри дека пред секој настап на модните ревии со себе ја носи и ја чита Библијата.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





