Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Најголемиот кре*ен во Холивуд“ – Хју Грант ги разочара сите со безобразноста и дрскоска кон Ешли Греам на Оскари 2023 (видео)

Еден од најнепријатните моменти на синоќешното доделување на Оскарите беше интервјуто што манекенката и телевизиска водителка Ешли Греам го правеше со британскиот актер Хју Грант, а беше прогласено за најкатастрофално, заради неговата дрскост и безобразност кон неа. Видеото вирално се шири, а твитерџиите го критикуваат. 

najgolemiot-seljak-vo-holivud-hju-grant-gi-razochara-fanovite-otkako-beshe-bezobrazen-so-eshli-gream-na-oskarite-video-01.jpg

Хју Грант, кој беше еден од презентерите на Оскарите 2023, делуваше како да му е мака што е на доделувањето на наградите и како некој да го довлечкал со сила, па едвај проговори неколку збора на црвениот тепих со Ешли Греам, додека таа го интервјуираше.

Ешли го почна интервјуто со прашањето што му е омилена работа поврзана со Оскарите, на што тој одговори: „Па, фасцинантно е… целото човештво е тука“.

Греам потоа го праша што ќе му биде највозбудливо да види на доделувањето на наградите, а Грант изгледаше збунет, па одговори дека не е возбуден и дека му е сеедно за презентациите и наградите. 

najgolemiot-seljak-vo-holivud-hju-grant-gi-razochara-fanovite-otkako-beshe-bezobrazen-so-eshli-gream-na-oskarite-video-02.jpg

Популарната плус-сајз манекенка го праша Грант каков смокинг носи, на што тој повторно дрско одговори: 

„Само мојот костум. Не можам да се сетам на мојот кројач“, рече ѕвездата на Notting Hill.

За да не ѝ пропадне интервјуто, се обиде да го спаси, па Греам го праша Грант за неговата улога во филмот Knives Out, а неговиот одговор гласеше:

„Па бев во филмот само околу три секунди“.

Манекенката уште еднаш проба да ја извлече ситуацијата, па праша: „Да, но сепак се појави и се забавуваше нели?“, на што Грант ѝ одговори: „Речиси“.

najgolemiot-seljak-vo-holivud-hju-grant-gi-razochara-fanovite-otkako-beshe-bezobrazen-so-eshli-gream-na-oskarite-video-02-05.jpg

Погледнете го видеото: 

По ова фановите го искритикуваа Грант на Твитер и го нарекоа „најголемиот кре*ен во Холивуд“.

„Оскарот за типот што тотално не сака да биде таму, го добива Хју Грант“, пишува во еден твит. 

„Оскарот за најдобра женска улога оди кај Ешли Греам, која му рече на Хју Грант ’ми беше убаво да разговарам со тебе‘“, напиша магазинот „Rolling Stone“.

Инаку, Грант заедно со актерката Енди Мекдауел ја додели наградата за најдобар продукциски дизајн.

najgolemiot-seljak-vo-holivud-hju-grant-gi-razochara-fanovite-otkako-beshe-bezobrazen-so-eshli-gream-na-oskarite-video-03.jpg

На сцената тој делуваше дека се забавува, па дури и се пошегува дека и на 62 години изгледа младо бидејќи користи добар хидратен крем.

Прочитајте и Лејди Гага буквално го „соблече“ гламурот од себе на Оскари 2023 и настапи без грам шминка во скинати фармерки (фото)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најскандалозните моменти во историјата на Оскарите: Шлаканицата на Вил Смит, Марлон Брандо ја одби н... Секоја година Оскарите носат ново возбудување. Преку црвениот тепих и модата, до...
Зошто сите сонуваат за брак како на Хју Џекмен и 13 години постарата сопруга? Хју Џекмен и сопругата Дебора се венчаа во 1996 година и имаат ден од најстабилн...
Младоженецот плаче од радост, олтарот е прекриен со бели рози - Први фотки од свадбата на Марк Ентон... Поранешниот сопруг на Џеј Ло, Марк Ентони викендов се ожени по четвртипат. Овојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg