Убиство, модерно ропство: Скандали што го одбележаа Светското фудбалско првенство низ годините
Ударот на Зидан
Во 2006 година, познатиот фудбалер Зинедин Зидан најави дека по завршувањето на Светско ќе оди во пензија.
Па, првенството во Германија беше одличен начин да се заокружи една успешна фудбалска кариера.
На натпреварот на Италија и Франција, во 110-тата минута, Францускиот фудбалер разговараше нешто со Италијанецот Марко Матераци.
И, одеднаш, Зидан се сврте кон него и со главата силно го удри во градите.
Италијанскиот фудбалер падна на земја, а инцидентот го одбележа последниот натпревар на Зидан.
Притоа, Франција го изгуби мечот, а до денес не е познато што го натерало Зидан да изреагира така.
Подоцна и Марко и Зидан имаат зборувано за инцидентот и наводно причината била тоа што Италијанецот го навредил семејството на францускиот фудбалер.
Уште контроверзии со првенството во Катар
Иако Светското првенство во Катар се смета за историско од многу причини, државниот врв и одговорните за настанот беа остро критикувани за прекршување на основните човекови права.
Како што веќе спомнавме, Катар вложи околу 200 милијарди долари за изградба на стадиони и подобрување на инфраструктурата за Светско, а за ова најмувале работници од странство.
Во 2021-ва, уште пред да почне првенството, The Guardian објави колумна во која тврдеше дека најмалку 6.500 работници од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш и Шри Ланка загинале додека работеле во Катар.
Работниците биле привлечени од градежниот бум во државата, но кога пристигнале, биле измамени и заробени со огромни долгови.
Не добивале плата, живееле во мизерни услови и работеле во нехумана средина.
Ова е тема за којашто уште се дебатира, додека Катар негира дека сите смртни случаи биле поврзани со проекти за првенството.
Многуте драми на Светско во САД
Годинава Светското првенство се одржува во три земји – САД, Мексико и Аргентина.
Но, поради засилените имиграциски политики на САД, многу учесници на првенството имаат проблеми со добивање визи и влез во државата.
Во ваква лоша положба се најде фудбалски судија кој од надлежните во САД бил држен дури 11 часа во притвор, без разлика што требало да суди на Светско и имал соодветна документација.
34-годишниот Омар Артан требало да биде првиот сомалиски судија кој ќе има чест да суди на Светско.
Но, кога пристигнал на аеродромот во Мајами на почетокот од јуни, веднаш бил приведен од обезбедувањето.
Како што подоцна сподели самиот, го држеле во притвор цели 11 часа, каде што го испрашувале, а на крај не му дозволиле влез, па тој морал да се врати дома.
Кога веста излезе во јавност, од ФИФА потврдија дека Омар нема да може да суди на Светско, како и дека тие не можат да направат ништо.
„ФИФА не е вклучена во имиграцискиот процес на земјата домаќин… Бевме информирани дека статусот на господин Артан нема да биде променет…
Владата на домаќинот одлучува кој ќе добие виза и кој може да влезе во нивната земја“.
Во меѓувреме се огласија и од Американската царинска и гранична служба и споделија дека судијата бил спроведен на дополнително испрашување – нешто што било рутински дел од нивната работа.
„По извршената проверка, на патникот, кој е судија на Светското првенство, му беше одбиен влез во земјата поради сомнежи утврдени во безбедносната проверка“.
Сепак, не е познато како судијата претставувал опасност за безбедноста на САД, но третманот што го добил од цариниците наиде на критики и реакции.
Спирова С. | Црнобело