Мат Хол ја зграби втората победа по ред на ЕуроСпидвеј Лаузиц во Германија
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мат Хол ја зграби втората победа по ред на ЕуроСпидвеј Лаузиц во Германија

Австралијанецот Мат Хол го лиши Германецот Матијас Долдерер од победата пред домашната публика на трката од Red Bull Air Race светското првенство која се одржа на ЕуроСпидвеј Лаузиц, во финале од кое на сите им запре здивот, а сега отвора пат за жесток дуел за светската титула во последните две трки од сезоната.

mat-hol-ja-zgrabi-vtorata-pobeda-po-red-na-eurospidvej-lauzic-vo-germanija-02.jpg

ЕуроСпидвеј Лаузиц (Германија) –Австралијанецот Мат Хол постави „опасно“ брзо време од 53,642 секунди во последното возење на финалната четворка во трката на автодромот Еуроспидвеј Лаузиц од светската серија Red Bull Air Race. А бидејќи се зависеше од последниот пилот кој леташе, Германецот Матијас Долдерер, тешко беше да чујат авионите од извиците на поддршка од домашната публика. Иако Германецот леташе со сето срце, неговото време од 54,417 секунди беше добро само за второ место, што ги остави навивачите без здив од исчекување. Долдерер и Хол сега се прв и втор во генералниот пласман, додека Пит Меклиод од Канада го освои својот прв подиум во трка од 2016 година, завршувајќи како трет.

Ова беше втора по ред трка чиј расплет значеше „еден-два“ победа за Хол и Долдерер, со што Австралијанецот ја намалува разликата која неговиот германски противник ја имаше уште од април. Со овој резултат на Хол, кој беше вицешампион за 2015 година зад Пол Боном, сега изби на второто место, односно пред шампионот од 2008 година, Ханс Арх. Ниту еден од нив не може да го престигне Долдерер со поени од една трка, но до крајот на сезоната има две станици. Драмата ќе продолжи на премиерната трка што Red Bull Air Race ќе ја има на легендарниот автодром Индијанаполис, по што ќе уследи финалето на сезоната во Лас Вегас. Дополнително, Американецот Кирби Чемблис, кој моментално е четврт во генералниот пласман, исто така чека на своите пет минути пред домашната публика.

- Оваа патека му прилега на нашиот стил, но најубаво од се е што повторно сме во добро расположение. Планот е „без грешки и секогаш брзо“. Немам што да изгубам: сум бил втор на светското првенство и порано и сум се тркал до самиот крај во Лас Вегас и претходно, но Матијас не го правел тоа. Ќе одиме трка по трка, па ќе видиме што ќе се случи,- вели Хол.

Во трката од пониската класа на предизвикувачите, Германецот Флоријан Бергер ги воодушеви навивачите покрај ЕуроСпидвеј Лаузиц освојувајќи ја својата прва победа на домашен терен.

mat-hol-ja-zgrabi-vtorata-pobeda-po-red-na-eurospidvej-lauzic-vo-germanija-01.jpg

Резултати (Мастер класа): 1. Мат Хол (Австралија), 2. Матијас Долдерер (Германија), 3. Пит МекЛиод (Канада), 4. Мартин Шонка (Чешка), 5. Ханс Арх (Австрија), 6. Мајкл Гулијан (САД), 7. Николас Иваноф (Франција), 8. Кирби Чемблис (САД), 9. Хуан Веларде (Шпанија),  10. Најџел Лемб (Велика Британија), 11. Петр Копфстајн (Чешка), 12. Франсоа Ле Вот (Франција), 13. Петер Подлуншек (Словенија), 14. Јошихиде Муроја (Јапонија).

Табела: 1. Матијас Долдерер (Германија) 65,25 поени, 2. Мат Хол (Австралија) 48,75 поени. 3. Ханс Арх (Австрија) 41 поен, 4. Кирби Чемблис (САД) 30,25 поени, 5. Николас Иваноф (Франција) 30.00, 6. Мартин Шонка (Чешка) 27,00 поени,  7. Најџел Лемб (Велика Британија) 25,75 поени, 8. Јошихиде Муроја (Јапонија) 25,50 поени, 9. Пит МекЛиод (Канада) 21,50 поени, 10. Мајкл Гулијан (САД) 18,75 поени, 11. Хуан Веларде (Шпанија) 11,25 поени, 12. Франсоа Ле Вот (Франција) 10,00 поени, 13. Петер Подлуншек (Словенија) 4,00 поени, 14. Петр Копфстајн (Чешка) 2,00 поени.

Би можело да ве интересира:

Спектакуларна победа на Мартин Шонка во Порто Чехот Мартин Шонка ја извојува втората победа во својата кариера на трката на Re...
Триумфално враќање за Гери Хант во Сисикон Победниците ги надминаа своите проблеми во Франција освојувајќи ги симпатиите на...
RED BULL AIR RACE / 2018 / OAE / ABU DHABI - Американецот Гулијан ја отвори сезоната со изненадувачк... Нова втора декада од авионските трки започна со стартот на светското првенство R...

Најчитани неделава