Авионските трки викендов ќе се одржат на легендарниот автодром во Индијанаполис

На први и втори октомври ќе се испише нова страница од историјата на Red Bull Air Race бидејќи најбрзата моторспорт серија на планетава ќе ја одржи првата трка на легендарниот автодром во Индијанаполис, кој што често се нарекува и „светска престолнина на трките“.

avionskite-trki-vikendov-ke-se-odrzat-na-legendarniot-avtodrom-vo-indijanapolis-1.jpg

Индијанаполис (САД) – Најнетрпеливо очекуваната станица од календарот на Red Bull Air Race за 2016 година ќе биде трката закажана за викендот 1/2 октомври, кога официјалното светско првенство за првпат ќе пристигне на прочуениот автодром Индијанаполис. Викендот преполн со тркачка акција ќе биде најзначајниот настан за легиите спортски фанови од американскиот „Среден Запад“, за групата врвни пилоти кои ќе сакаат да им се приклучат на легендарните победници на Инди и особено за двајцата пилоти кои се во игра за титулата на само две трки до крајот.

За Германецот Матијас Долдерер кој е во водство, влогот никогаш не бил поголем. Една победа во Индијанаполис би значела обезбедување на првата светска шампионска титула во неговата кариера, воедно прва за неговата земја во Red Bull Air Race. Се што е помалку од победа, би оставило можност Австралијанецот Мат Хол да му ја украде титулата во завршницата од сезоната, две недели подоцна во Лас Вегас. Хол е единствениот пилот кој има шанса да го достигне Германецот, а и добро му оди, бидејќи освои две победи една по друга. Сепак, Долдерер не попушти, и на тие две трки го обезбеди второто место.

И тројцата Американци во поредокот исто така имаат што да докажуваат. Двократниот освојувач на титулата Кирби Шемблис од Аризона е еден од фаворитите за подиумот во светското првенство оваа година, додека Мајкл Гулијан од Масачусец и Пит Меклеод од Онтарио, Канада, ќе бидат нетрпеливи да се покажат во најдобро светло во она што за нив е најблиското нешто до домашна трка во оваа сезона. Во меѓувреме, уште еден горд Американец, Кевин Колман, ќе се натпреварува во Челинџер класата за млади надежни пилоти.

Како локација која и официјално претставува место од американската национална историја и прва тркачка патека во светот, автодромто познат под прекарот „Брикјард“ одамна претставува Мека за мотоспортот од сите видови, од препознатливата трка „Индијанаполис 500“ до НАСКАР, Формула 1 и Мото ГП. Иако авијацијата уште од почетокот беше дел од нејзината историја – патеката за првпат беше отворена за јавноста со трка со балони во 1909 година, а браќата Рајт одржаа аеромитинг и натпреварување таму во 1910 година – „Тркачката престолнина на светот“ никогаш не видела ништо слично како врвниот мотоспорт на небото, каде што тркачките авиони се вивнуваат низ воздушните столбови од 25 метри со брзини од 370 километри на час.

Пилотот Кристијан Болтон ќе биде првиот Чилеанец кој влегол во Мастер класата на светското натпреварување Red Bull Air Race на 1/2 октомври во Индијанаполис. Болтон инаку веќе се има искачено седум пати на подиумот на Челинџер класата, а лани го освои и третото место во финалето, па не е ни чудо што организаторите му понудија место во Мастер класата. Инаку, пред неговите три сезони во Red Bull Air Race, Болтон бил потполковник во Чилеанските воздухопловни сили, каде што ја добил и наградата „Топ Ган“, со над 4600 часови летање зад себе и е прогласен за врвен чилеански аеробатички пилот. Има дипломи за инженерство, воена аеронаутика и човечки ресурси.

За жал, тој доаѓа на местото на пилотот миленик и светски шампион од 2008 година, Ханс Арх од Австрија, кој на 8-ми септември го загуби животот во хеликоптерска несреќа.

- Имав среќа да го познавам од 2014 година, кога влегов во Челинџер класата,- вели Болтон. - Можам само да ја нагласам неговата топлина, визија за животот – и тоа визија не само во врска со овој спорт – неговата харизма и бескрајна енергија за постигнување нови цели. За мене тој е вистински пилот и пример кој треба да се следи.

Приклучувањето во Мастер класата толку доцна во сезоната ќе преставува тешка задача за Болтон, не само затоа што ќе треба да се натперварува со врвните светски пилоти, туку и заради тоа што за неколку недели, Болтон треба да најде најсовремен тркачки авион и да го прилагоди на својот летачки стил, а и да состави и води свој тим. Но еден од врвните техничари во спортот, Најџел Дикинсон, поранешен член на екипата на Арх е веќе дел од тимот на Болтон и ќе работи на неговиот тркачки авион Edge 540 V2.

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Каратистите на „Макпетрол” добитници на два спортски оскари Агенцијата за млади и спорт на свечена церемонија ги избра најдобрите спортисти ...
Перо Антиќ се врати во Атланта: Во клубот го пречекаа како ѕвезда, се дружеше со Богдан Богдановиќ „Перо - македонската мамба“, напишаа фановите Перо Антиќ на официјалната Инстагр...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Му праќал пораки дека сака да го гледа на US Open: 6-годишниот Рики од САД е најголем фан на Новак Ѓ... „Здраво Рики, ја имаш најубавата насмевка на светот“ – му порача Новак Ѓоковиќ н...
За него го оставила шекот со кого била верена: Љубовната приказна на Мирка и Роџер Федерер „Тогаш ја запознав светлината на својот живот, жена за која би одел на Месечинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg