„Маж ми седи по 40 минути наутро во тоалет, мора да го молам да излезе за да се измијам“

„Мојот сопруг и јас живееме во стан со само еден тоалет. Наутро тој поминува дури и по 40 минути таму, седејќи на шолјата, гледајќи видеа, одговорајќи на мејлови и, се разбира, користејќи го тоалетот. A јас? Чекам и се нервирам!“

mazh-mi-sedi-po-40-minuti-nautro-vo-toalet-mora-da-go-molam-da-izleze-za-da-se-izmijam-01.jpg

37-годишна жена на Reddit се пожали од нејзиниот сопруг (40), односно од тоа колку време тој минува во тоалет, што таа не може да дојде на ред.

Ова е приказна во која ќе се пронајдат многу жени.

Нејзината објава гласи:

„Мојот сопруг и јас живееме во стан со само еден тоалет. Наутро тој поминува дури и по 40 минути таму, седејќи на шолјата, гледајќи видеа, одговорајќи на мејлови и, се разбира, користејќи го тоалетот.

Да нагласам тој нема никакви здравствени проблеми за да седи толку време во тоалетот, туку тоа едноставно му е време за себе.

Проблемот е што тоалетот ми е потребен и на мене.

Речиси секое утро мора да му пишам порака дали е готов и тоа искрено ми е иритирачко и засрамувачко.

Дури и кога разговараме отворено, вели дека му се доволни само неколку минути, но сака да си седи во тоалет.

Не разбирам зошто ова време за себе не го користи во некој друг дел од станот, но ми вели не било исто.

Ужасно се чувствувам што изгледа дека му го контролирам времето за во тоалет, но навистина повеќе немам нерви.

Што да правам?“

mazh-mi-po-40-minuti-nautro-sedi-vo-toalet-mora-da-go-molam-da-izleze-za-da-se-izmijam-02.jpg

Дел од одговорите гласат:

„Ова е апсурдно однесување, кое е толку често меѓу мажите. Што им е толку убаво да седат на шолјата со часови од толку многу места во домот? Бизарно е како не забележува дека и ти имаш потреба од тоалет.

„Твојот сопруг е многу неодговорен. Мора да разбере дека и ти имаш потреби.“

„Знае дека имаш потреба, а тој си се релаксира во тоалетот... Ова е некое ново ниво на себичност.“

„Не, не му контролираш ти колку време минува во тоалет и не го ограничуваш, тој ти го ограничува тебе времето за во тоалет.“

Извор

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Моќна лекција за жените од Мишел Обама: „Не мора да имате сè сега, животот е долг и има поглавја“ (в... „Невозможно е да имате сè сега, престанете со тоа. Што е тоа нетрпение и чувство...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео) Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Американка се пресели на Балканот и се чуди: „Тука се чисти премногу, се перат завеси често, а мора ... „Чувствувам дека ако излегувам од куќата морам да имам средена коса, малку шминк...

Најчитани неделава