Ерос Рамацоти се разведе од неа бидејќи тврдеше дека му е сестра на Исус – Факти за првата сопруга на италијанскиот пејач

Таа била членка на оваа секта пет години, а на сектата ѝ се придружила откако се зближила со докторот кој го лекувал Рамацоти за време на неговата инфекција на грлото, а бил дел од сектата.

Додека била член на култот, Мишел, согласно правилата, се откажала од цигари, алкохол, интимни односи и мастурбација.

Таа целосно се префрлила на веганската кујна, а одбивала да јаде пица бидејќи според верувањето на сектата, оваа храна содржи „концентрација на демонски сили“.

„Пред средбите со приврзаниците на култот моравме да се тушираме и да се облечеме во бело. Секогаш моравме да ги собуеме чевлите на прагот.

Потоа повторно ги миевме рацете и седнувавме во круг за да почнеме со сесиите за медитација“ - изјави Мишел во една пригода.

Во едно од ретките интервјуа, Мишел раскажала дека во тоа време верувала дека е сестра на Исус Христос и реинкарнација на нацистичка девојка, додека сексуалноста ја сметала за животински и излишен инстинкт.

Таа целосно ги прекина контактите со семејството и пријателите, а луѓето од сектата ја убедија дека Рамацоти има лошо влијание врз неа и дека се обидува да ја оддалечи од нив.

Пејачот наводно се потрудил да ја оттргне од оваа бизарна организација, но не успеал, па на крајот решил да се разведе од неа.

Подоцна Мишел изјави дека е сигурна дека немаше да биде жива денес, ако во еден момент самата не реши да ги напушти „Воините на светлината“.

По ова ѝ беше тешко да ѝ се врати на кариерата, па денес само повремено се занимава со телевизија.

Но, работите ѝ тргнаа на љубовен план.

Во 2014 година таа се омажи со Томас Трусарди, наследник на познатата компанија Trussardi, со кого ги има ќерките Селест и Сол. Со него беше во брак до 2022 година.

Мишел денес е во добри односи и со Ерос, па тие настапија заедно на добротворен концерт во 2022 година.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
„Живееше со мене во пештери 14 години, се селевме 49 пати“ - Која е сопругата на новиот претседател ... Кога на почетокот на 2025 член на Ал Каеда стана претседател на Сирија, светот с...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...

Најчитани неделава