Ерос Рамацоти се разведе од неа бидејќи тврдеше дека му е сестра на Исус – Факти за првата сопруга на италијанскиот пејач

„Пред средбите со приврзаниците на култот моравме да се тушираме и да се облечеме во бело. Секогаш моравме да ги собуеме чевлите на прагот. Потоа повторно ги миевме рацете и седнувавме во круг за да почнеме со сесиите за медитација“ - раскажа првата жена на италијанскиот пејач Ерос Рамацоти, Мишел Хунцикер, за времето кога беше во секта и веруваше дека му е сестра на Исус Христос.

eros-ramacoti-se-razvede-od-nea-bidejkji-tvrdeshe-deka-mu-e-sestra-na-isus-koja-e-mishel-hunciker-prvata-sopruga-na-pejachot-01.jpg

Италијанскиот пејач Ерос Рамацоти на 6-ти април 2023 стана дедо, а неговата најстара ќерка Аурора роди момче, Чезаре.

Аурора (26) е ќерка на Рамацоти од неговиот брак со водителката и манекенка Мишел Хунцикер (46).

eros-ramacoti-se-razvede-od-nea-bidejkji-tvrdeshe-deka-mu-e-sestra-na-isus-koja-e-mishel-hunciker-prvata-sopruga-na-pejachot-02.jpg

Тој има уште две деца – синот Габри (8) и ќерката Рафаела (11), кои ги доби со втората сопруга, актерката Марика Пелегринели, со која е, исто така, разведен.

Раѓањето на бебето на Аурора беше доволна причина италијанските медиуми да се потсетат на љубовната приказна на Ерос и Мишел, но и на нивниот развод.

Нивната љубов започна во средината на 1990-тите. Тие ја добија Аурора во 1996 година, а се венчаа во 1998 година.

Во брак останаа до 2002 година, но формално се разведоа дури во 2009 година.

Медиумите во една пригода пишуваа дека нивната љубов завршила поради тоа што Мишел се приклучила на секта и тврдела дека му е сестра на Исус.

Мишел, која е швајцарско-италијанска манекенка, е родена во Лугано, Швајцарија на 24 јануари 1977 година.

Откако со мајка си се преселила во Милано како тинејџерка, ја почнала својата манекенска кариера.

На 17 години веќе сликала кампањи за Armani, Rocco Barocco, La Perla, Colmar, Fuerte Ventura, Lovable и Swish, а работела и ревии.

Во средината на ’90-тите ја почна врската со музичката ѕвезда Ерос Рамацоти, кој е 14 години постар од неа.

Во тоа време доби и понуда да биде водителка, па ги водеше најпопуларните ТВ-програми во Италија во тоа време.

 

Со оглед на тоа што Рамацоти беше еден од омилените Италијанци во тоа време, нивната врска привлече големо медиумско внимание.

Ерос не криеше колку е вљубен во младата убавица. За време на нивната љубов, Мишел му беше голема инспирација за Ерос, па ѝ ја посвети песната Più bella cosa.

Иако се чинеше дека пред нив е вечна љубов, тие прекинаа во 2002, а италијанските медиуми пишуваа дека една од причините за разделбата е што Мишел Хунцикер одбила да ги прекине врските со бизарниот култ „Воините на светлината“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
„Живееше со мене во пештери 14 години, се селевме 49 пати“ - Која е сопругата на новиот претседател ... Кога на почетокот на 2025 член на Ал Каеда стана претседател на Сирија, светот с...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...

Најчитани неделава