Вирално видео: Новинар помеша случаен минувач со финскиот претставник на Евровизија - му направи цело интервју

„Кој би можел да помисли дека по настапот Карија само ќе се шета на улица?“ – стои во еден од коментарите на Твитер за видеото на BBC во кое случаен минувач го помешаа со претставникот на Финска на Евровизија, а му побараа и изјава.

go-pomeshaa-finskiot-pretstavnik-na-evrovizija-so-sluchaen-minuvach-na-ulica-video-na-bbc-stana-viralen-hit-na-tviter-01_copy.jpg

Во изминативе денови светот го зафати евровизиска треска, а возбудата е најголема низ улиците на градот домаќин - Ливерпул.

Меѓу највпечатливите учесници во првата полуфинална вечер, што се одржа во вторникот (09.05), беше претставникот на Финска, Карија, кој ја пееше „Cha Cha Cha“.

go-pomeshaa-finskiot-pretstavnik-na-evrovizija-so-sluchaen-minuvach-na-ulica-video-na-bbc-stana-viralen-hit-na-tviter-03.jpg

Настапот на Карија кој симулира секс на сцената предизвика осуда на социјалните мрежи, но низ улиците на Ливерпул имаше голем број негови фанови кои дојдоа за да му дадат поддршка.

Така, на реномираната телевизија BBC за време на првата полуфинална вечер беше емитуван прилог во рамки на кој беше направена улична анкета со случајни минувачи низ Ливерпул, кои требаше да одговорат на прашањето кој им е фаворит на годинешната Евровизија.

Во еден миг се појави случаен минувач кој не ја крие својата поддршка за финскиот претставник, па дури одлучил да облече ист костум како Карија, со што ја збуни новинарската екипа, па тие помислија дека се работи за Финецот кој настапува на Евровизија.

„Дури успеавме да ја уловиме и главната ѕвезда“ – вели новинарката во видеото, а во телопот оди натписот „Карија – Финскиот претставник на Евровизија“

go-pomeshaa-finskiot-pretstavnik-na-evrovizija-so-sluchaen-minuvach-na-ulica-video-na-bbc-stana-viralen-hit-na-tviter-02_copy.jpg

Новинарите на двојникот на Карија му поставија прашање каков е Ливерпул како домаќин, на што тој одговори:

„Неверојатен. Во споредба со сите други земји каде што сум бил, овде сè е подобро организирано. Сè е во близина и секаде може да се стигне пеш и луѓето се пријателски настроени. Овде сè е лесно. Тоа е неверојатно“.

Но, оние што го погледнаа прилогот веднаш сфатија дека од BBC направиле грешка, па на Твитер има низа коментари за ненамерниот пропуст:

„Не е можно. BBC мислеа дека разговараат со вистинскиот Карија, а всушност разговараа со фан“.

„Мислев дека видов човек што многу наликува на Карија, но изгледа многу луѓе носат таков костим“.

„Го сретнав синоќа дечкото и му кажав за видеото на BBC, тој не знаеше каква грешка направиле“.

„Кој би можел да помисли дека по настап (изведувачот) само ќе се шета низ улиците?“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Финска е најсреќна земја во светот 9-та година по ред, ние сме на 82-ро место – каде е најубаво за ж... Деветта година по ред Финска е на првото место на извештајот на најсреќни земји ...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
На 2 години беше оставен да умре, денес го викаат „малиот Пикасо“ - Се сеќавате ли на момчето спасен... „Кога го видовме, мирисаше на смрт. Бев сигурна дека ќе ми почине во раце. Но, с...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Драматична случка во циркуз во Русија: Тигар излезе од мрежа и прошета низ публиката (видео) „Останете мирни или ќе ја влошите ситуацијата“ - се вели во виралните видеа од р...

Најчитани неделава