„Спасете ме мене, а не моето бебе“: Мајка објави контроверзно видео и ги подели мислењата

„До мојот сопруг: Ако докторот рече да избираш помеѓу мене или бебето, додека се пораѓам, те молам избери ме мене“ - напиша мајка во контроверзното видео што го објави на ТикТок. Што мислите дали е во право?

spasete-me-mene-ne-deteto-majka-objavi-kontroverzno-video-i-gi-podeli-mislenjata-na-tiktok-01.jpg

Анабел Леон, која на ТикТок објавува содржини под името anabelmoralezz, ја подели јавноста откако сподели видео снимено пред да се породи, каде бара од сопругот да ја спаси неа ако се појават некакви компликации.

Видеото за кратко време стана вирално, а го погледнале околу 8 милиони луѓе.

„До мојот сопруг: Ако докторот рече да избираш помеѓу мене или бебето, додека се пораѓам, те молам избери ме мене. Не сакам Итан да расте без мајка и не сакам ти да треба да се грижиш за 2 бебиња сам додека ја оплакуваш починатата сопруга“, пишува таа.

Нејзиното објаснување на некои луѓе им изгледа сосема разбирливо и го поддржуваат нејзиниот став.

„Вчера го прашав сопругот што би направил и тој рече: Ќе те спасам тебе. Ќе имаме друго бебе, ама не можам да те заменам тебе. Искрено, не очекував ваков одговор“, гласи еден коментар.

„Еднаш мој пријател ми рече: Никој не помислува на товарот што го носам затоа што знам дека мајка ми починала додека ме раѓала мене, па не можам да го славам роденденот и да се радувам“, е друг коментар.

Но, има и родители кои не се согласуваат со неа, па ја нарекуваат себична, лоша мајка, дури и убиец.

„Иако донекаде те разбирам, лично мислам дека никогаш не би можела да живеам со таа одлука доколку одлучам да се спасам себеси, а не своето дете. Искрено, изборот би го препуштила на мојот сопруг“, стои во коментарите.

„Ако си пред породување, ќе го убиеш, тоа не е фетус“, пишува друг.

„Бебето секогаш ќе го ставам пред себе. Не знам како се нарекуваш мајка“, коментираат.

Погледнете го видеото:

@anabelmoralezz

😩😩 #trending #viral #pickme #husbandwife #laboranddelivery #savethemoms #foryou #foryoupage #fy #fyp #momsoftiktok

♬ original sound - Yahritza

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мислењата поделени: Забрана за деца во некои вагони во возови во Франција - за да не го рушат мирот „Откако стана прифатливо родителите да не ги контролираат своите деца, тогаш да,...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Мајка од Русија поради бизарен ТикТок предизвик падна и си го повреди ‘рбетот, 2 месеци по породувањ... 32-годишната Русинка балансира качена на врвот од кутија со бебешко млеко, поста...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава