Американците среќни за празничниот изглед на Белата куќа: „Џил Бајден не го мрази Божиќ како Меланија“

98 елки, 34.000 лампиони и околу 142.000 светилки – годинава Белата куќа е како од божиќна бајка. Како изгледаат волшебните декорации?

amerikancite-srekjni-za-praznichniot-izgled-na-belata-kukja-dzhil-bajden-ne-go-mrazi-bozhikj-kako-melanija-01.jpg

Традиционално, и годинава Белата куќа во Вашингтон е волшебно украсена за претстојната празнична сезона, а Џил Бајден ги покажа декорациите во понеделникот (27.11).

Темата за оваа година е „Магија, чудо и радост“, а целта е да ја претстави магијата на празничната сезона преку детските очи.

„Целосно присутни во убавината и изобилство околу нив, нивните срца се отворени за магијата, чудото и радоста на празниците“, изјави Првата дама на САД.

praznichna-magija-vo-belata-kukja-prvata-dama-dzhil-bajden-gi-pokazha-dekoraciite-za-ovaa-godina-foto-03.jpg

Белата куќа е украсена со 98 елки, речиси 34.000 лампиони и околу 142.000 светилки. И, многумина се согласуваат дека ова се можеби најубавите декорации во изминатите неколку години.

„Главната“ елка е висока пет и пол метри и на неа доминираат црвени лампиони.

Под елката, пак, има минијатура на снежно бајковито гратче.

praznichna-magija-vo-belata-kukja-prvata-dama-dzhil-bajden-gi-pokazha-dekoraciite-za-ovaa-godina-foto-02.jpg

Друг забавен детаљ е маса на која се наредени торти, колачиња и разни слатки со пастелни бои.

praznichna-magija-vo-belata-kukja-prvata-dama-dzhil-bajden-gi-pokazha-dekoraciite-za-ovaa-godina-foto-04.jpg

Во влезниот ходник од Белата куќа, пак, владее вистинска празнична магија со санка и ирваси кои изгледаат како да летаат.

На подот се наредени неколку елки, како и минијатурни куќи покриени со снег.

praznichna-magija-vo-belata-kukja-prvata-dama-dzhil-bajden-gi-pokazha-dekoraciite-za-ovaa-godina-foto-05.jpg

„Знам дека може да биде тешко да се најдат магијата, чудо и радоста кога деновите се пократки, а времето постудено, додека нашите срца се тажни поради проблемите во светот…

Но, во овие мигови кога бараме надеж и закрепнување, тогаш сме си најпотребни едни со други“, изјави Џил Бајден на прес-конференција.

Според објавите на Твитер, Американците се воодушевени од овогодишните декорации, па како и минатата година ги споредуваат со „хоророт на Меланија“:

„Белата куќа во време на Трамп и во време на Бајден“.

„Овогодишните, нормални божиќни декорации од Белата куќа, презентирани од Џил Бајден, која не мрази божиќни декорации“.

Повеќе фотки од магијата во Белата куќа:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Зимска бајка во Исланд среде октомври – падна 27cm снег, децата се лулаат, поларната светлина е маги... Куќите и дрвјата се затрупани во снежна покривка, децата се лулаат на игралишта ...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...
Страшен пожар во бар во ски центар во Швајцарија со најмалку 40 загинати и повеќе од 100 повредени -... Страшна несреќа ја погоди Швајцарија на 1-ви јануари 2026 година. Околу 40 луѓе ...

Најчитани неделава