Американска премиера на „М“ на Вардан Тозија во срцето на Њујорк

Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија денес ја има својата премиера во САД на фестивалот „DANCES WITH FILMS“ „DANCES WITH FILMS” е во моментот еден од најзначајните гласови на независната филмска индустрија надвор од Холивуд.

amerikanska-premiera-na-m-na-vardan-tozija-vo-srceto-na-njujork-01.jpg

По 25 години одржување во легендарниот Chinese Theatre во Лос Ангелес, фестивалот се сели во срцето на Њујорк, повторно на култна локација – Regal Union Square Theatre во Менхетен. Според USA Тoday, фестивалот се вбројува меѓу “десетте најзначајни филмски настани на северноамериканскиот континент“, според CNN, важи за “лидер во позиционирање на свежи и нови таленти на филмската индустрија“, додека Indiewire го препознава како “нашироко признаен поради откривањето на иновативниот дух и талент во независната кинематографија“...

Приказната на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, токму на официјалната селекција на овој фестивал ќе ја претставува македонската кинематографија пред американската публика.

По премиерата, ќе се одржат дискусии меѓу режисерот и членови на индустријата, како и разговори со публиката. Светските права за дистрибуција на македонскиот филм “М“ ги поседува американската компанија OneTwoThree Media.

Би можело да ве интересира:

Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
Се пресели во Мексико и заврши во затвор, има шизофренија - Пропаста на руската лизгачка Елена Гуљак... На врвот на кариерата со сопругот и тренер се пресели во Мексико, каде што отвор...
Американската амбасадорка во Грција критикувана за „вулгарниот аутфит“ на формална вечера во Атина Американската амбасадорка во Грција, која е и поранешна снаа на Доналд Трамп, се...
Влегле преку балкон, украле дијамантски накит: Детали за филмскиот грабеж во музејот Лувр Во вчерашниот грабеж во Лувр, четири лица украле неколку парчиња накит од 19-тио...
Исчезна среде ноќ, полицијата добива барања за откуп: Детали за киднапирањето на американската писат... Исчезнувањето на Ненси Гатри е мистерија што ја крена цела Америка на нозе. Писа...
Жена која исчезнала пред 42 години е пронајдена со нов идентитет – не ни знаела дека е жртва на кидн... Во американската држава Кентаки се случила драма налик сапуница – 42 години по и...

Најчитани неделава