Распукан асфалт, паднати бандери и куќи – Видеа од Јапонија по силниот земјотрес од 7,6 степени

Распукан асфалт, пукнати цевки, оштетена инфраструктура и паника заради ново цунами... На социјалните мрежи се објавени повеќе видеа кои што покажуваат како изгледаат штетите по силниот земјотрес во Јапонија.

raspukan-asfalt-padnati-banderi-i-kukji-videa-od-japonija-po-silniot-zemjotres-od-7-6-stepeni-01.jpg

Денес (01.01) Јапонија беше погодена од силен земјотрес, со јачина од 7,6 степени.

raspukan-asfalt-padnati-banderi-i-kukji-videa-od-japonija-po-silniot-zemjotres-od-7-6-stepeni-02_resize.jpg

Тлото во Јапонија почнало да се тресе во 4.10 часот попладнето, а набрзо потоа се издадени наредби за евакуација на населението, затоа што земјата стравува од ново катастрофално цунами, како тоа што се случи во 2011-та година.

BBC објави видео на Инстаграм на кое се гледа како изгледал земјотресот. Во видеото се гледа како најголемиот дел од градбите успеваат да го издржат силниот потрес.

По силниот земјотрес од 7,6 степени, биле регистрирани уште неколку нови потреси, од кои и два силни земјотреси со магнитуди од 6,2 и 5,2 степени.

raspukan-asfalt-padnati-banderi-i-kukji-videa-od-japonija-po-silniot-zemjotres-od-7-6-stepeni-03_resize.jpg

Властите предупредуваат на опасност од цунами, а се очекува дека може да се очекуваат бранови со височина поголема од 3 метри, па препораките се населението што живее во крајбрежните предели под итно да се евакуира.

Погледнете дел од видеата објавени на социјалните мрежи:

Оштетена инфраструктура во градот Учинада

Големи бранови по силните земјотреси

Луѓето во паника бегаат за време на силниот потрес

Поплавен мол во Јапонија, откако заради земјотресот пукнале цевки

Видео снимки од станица во метро за време на земјотресот

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Земјотрес од 6,9 степени на Филипини: Девојки панично бегаат од натпревар за убавина, деца загинале ... Поради земјотресот на Филипини има 69 загинати и речиси 150 повредени а надлежни...
Застрашувачки видеа од земјотресот на Филипините со јачина од 7,8 степени – постои и опасност од цун... Јужниот дел од Филипините беше погоден од силен земјотрес во кој има и жртви – з...
Јапонските навивачи го „светнаа“ стадионот на Светско по натпревар, па се соочија со критики: „Зошто... Деновиве вирално се споделуваат фотки од јапонските навивачи на Светското фудбал...
„Потрошив многу пари за новогодишни подароци на син ми и сега не знам како ќе си ги платам сметките“ „Приходите навистина почнаа да ми се пресушуваат. Ова е застрашувачко време за м...
Застрашувачка снимка од несреќа во забавен парк – се скрши реквизит во воздух, 23 луѓе се повредени Најмалку 23 луѓе завршија повредени, откако за време на возење на реквизит во ви...
Mајмунче oд Јапонија стана вирален хит со играчката-орангутан од ИКЕА - сега сите такви играчки се р... Скандинавскиот бренд за мебел ИКЕА објави дека нивниот плишан орангутан DJUNGELS...

Најчитани неделава