Моменти што го одбележаа Super Bowl 2024 + најсмешните мемиња за натпреварот (фото+видео)

Тејлор Свифт привлече повеќе внимание од дечко ѝ кој играше на натпреварот (и неговиот тим победи), а настапот на Ашер инспирира многу мемиња – како помина Super Bowl 2024?

momenti-shto-go-odbelezhaa-super-bowl-2024-najsmeshnite-meminja-za-natprevarot-foto-video-01.jpg

Синоќа (11.02) се одржа Super Bowl – најпопуларниот спортски настан во САД.

Иако станува збор за натпревар во рагби, настанот привлекувам многу внимание бидејќи на него присуствуваат некои од најпознатите личности во светот, вклучувајќи актери, музичари и спортисти.

Притоа, за полувремето секојпат настапуваат мошне популарни музичари, а нивниот настап неретко е погледан и од самиот натпревар.

Годинава, најголемата ѕвезда која настапуваше на полувремето беше Ашер кој за миг ги врати милениумците во младоста.

На сцената застанаа и Алиша Кис, Lil Jon, Will.i.am, H.E.R., Лудакрис…

Фановите го очекуваа и Џастин Бибер бидејќи има заедничка песна со Ашер, но оваа желба не им се исполни. Па, имаше многу мемиња и шеги за ова.

Дел од моментите што го одбележаа престижниот спортски натпревар:

Тејлор Свифт привлекуваше повеќе внимание од дечко ѝ рагбист, а друштво ѝ правеше Блејк Лајвли

momenti-shto-go-odbelezhaa-super-bowl-2024-najsmeshnite-meminja-za-natprevarot-foto-video-02.jpg

Бен Афлек направи уште една реклама за Dunkin‘ Donuts. Во рекламата, актерот се пријавува на аудиција за нов албум на сопругата Џеј Ло

Пренос на настанот имаше и на телевизијата Nickelodeon од каде што се шегуваа на сметка на сите со забавни специјални ефекти

Помеѓу славните беа и Лана дел Реј, Гвен Стефани со сопругот Блејк Шелтон, Бијонсе со семејството …

momenti-shto-go-odbelezhaa-super-bowl-2024-najsmeshnite-meminja-za-natprevarot-foto-video-03.jpg

momenti-shto-go-odbelezhaa-super-bowl-2024-najsmeshnite-meminja-za-natprevarot-foto-video-04.jpg

И, секако, најважниот момент (барем за фановите на спортот) – на натпреварот победија Kansas Cicty Chiefs.

momenti-shto-go-odbelezhaa-super-bowl-2024-najsmeshnite-meminja-za-natprevarot-foto-video-06.jpg

На следната страница, најсмешните мемиња за настанот…



Би можело да ве интересира:

Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
Бизарно: Возрасни фанови на Тејлор Свифт носат пелени на нејзин концерт за да не испуштат ниту една ... Неколку девојки на ТикТок се пофалија дека носат пелени за возрасни на концерт н...
Мајка на 2 деца покажа како го слави разводот: „Ме критикуваа дека патам за внимание од бившиот“ „Многу луѓе мислат дека сакам да му се одмаздам ​​на бившиот, но не е така. Пост...
Дечко од Индија има густи влакна по телото поради ретко нарушување – бил жртва на булинг, но сега е ... Лалит Пател од Индија е 17-годишно момче со ретко нарушување поради кое целото н...
Снима видеа на кои се прејадува и плаче, не може да се движи од вишокот килограми – Пропаста на јутј... Јутјуберот Никокадо Авокадо ја почна „кариерата“ снимајќи видеа за неговиот вега...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg