Учителка ги вежба дечињата во градинка во Кина како да избегаат при пожар (видео)

Со импровизација на пожар со чад и сирена, учителка во Кина обучува деца во градинка како да се однесуваат во случај на пожар. Практични вештини, какви што треба да се учат во секоја градинка и училиште, зарем не?

dechinja-vo-gradnika-vo-kina-preku-vezhba-uchat-kako-da-izbegaat-pri-pozhar-01.jpg

Дека пристапот на Кинезите кон образованието е поинаков ни е јасно одамна.

Тие се фокусирани на тоа да ги учат децата на практични вештини, односно ги учат како да се снајдат во различни животни ситуации.

На едно видео кое одамна се споделува на социјалните мрежи, како позитивен пример, се гледа како дечиња во градинка во Кина вежбаат што треба да направат при пожар и како треба да се спасат себеси.

Со дел од нивната опрема (крпчињата) на устата, полека и внимателно тие ја напуштаат просторијата, за која нивната учителка им рекла да се однесуваат како наводно да избил пожар во неа.

Прочитајте и Во Финска учење низ песна, во Кина со строги казни: Како изгледа образованието низ светот?

И македонските твитерџии го споделуваат ова видео.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и Има два клима уреди во секоја училница - Како изгледаат кинеските државни училишта?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од пожарот во дискотека во Швајцарија: „Гледав како горат луѓе, влегов внатре за ... „За неколку секунди, целиот таван беше во пламени. Се беше направено од дрво и п...
Вирално видео: Луѓето во Кина ловат риба на поплавените улици, по тајфунот Рагаса Тајфунот Рагаса ги претвори улиците во јужниот дел на Кина во реки. Кога локалци...
Страшен пожар во бар во ски центар во Швајцарија со најмалку 40 загинати и повеќе од 100 повредени -... Страшна несреќа ја погоди Швајцарија на 1-ви јануари 2026 година. Околу 40 луѓе ...
Бил во затвор за проституција и киднапирање: Кој е сопственикот на локалот во Швајцарија, во кој изб... Според неколку француски медиуми, сопственикот на локалот во кој избувна пожар н...
Застрашувачки видеа од супертајфунот во Азија – над 100 исчезнати во Тајван, 2 милиони евакуирани во... Јужните делови на Кина, Филипините и Тајван се соочуваат со пустошот од супертај...

Најчитани неделава