Кога немаштијата ги приморува децата да работат...

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-povekjeПакистанката Нагина Садик е приморана секој ден да крева тежок товар во цигланата во Исламабад, иако има само 5 години. Таа во фабриката работи...


...заедно со своето семејство, а според зборовите на нејзиниот татко, дневно заработува само 250 рупи, односно 2,77 долари

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-1

Нагина е само едно од многуте деца кои наместо да си играат и да учат, мораат да работат тешки физички работи за да преживеат.

Сестрите Мунира (14) и Амила (15) исто така се вработени во фабриката за цигли каде по цел ден копаат во потрага по квалитетни суровини.

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-2

На следната фотографија, направена пред две години во пакистанската престолнина Исламабад, прикажана е тогаш 6 годишната Ајша Икбал која си го брише окцето додека и помага на мајка си во раздвојување на пластиката во фабриката за рециклажа.

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-3

Неплатената или слабо платената детска работа е глобален проблем, особено изразен во Пакистан. Покрај големата сиромаштија, во последно време е забележан и пораст на ангажирање на децата во подрачјето на Исламабад и Равалпинди.

Во индустриските предели децата работат под голем притисок и често се платени помалку од вообичаената сатница. Повеќето работат во автомеханичарски работилници, но има и некои кои работат во продавници и хотели.

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-4

Многу од нив се изложени на физичко, психолошко, а често и сексуално насилство од страна на нивните работодавци.

Децата често работат и за светски познатите брендови. Се проценува дека ¾ од квалитетните фудбалски топки кои се користат во меѓународните натпревари ги произведуваат деца, од кои некои се помлади од 10 години.

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-5

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-6

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-7

Ете, кога следниот пат ќе сакате да се пожалите за својата работа, помислете дали би се менувале со некои од овие дечиња.

Би можело да ве интересира:

Поранешна претставничка на Мис Универзум од Русија загина во сообраќајка, 4 месеци по свадбата – со ... „На патот скокна елен и удри во нашиот автомобил. Немав време да направам ништо....
Фатени на дело: Директор и колешка љубовници, уловени на камера на концерт на Coldplay (видео) „Или имаат афера или се многу срамежливи“ – вели пејачот на Coldplay откако паро...
Трагедија на аеродром во Њујорк: Авион се судри со возило, има и загинати (фото+видео) Авион и возило се судрија на писта во Њујорк. Предниот дел на авионот е целосно ...
„Директорот се крие зад стакло откако го фатија како изневерува“ – Смешни мемиња за љубовниците од к... Дали сериозно пробува да се скрие зад стакло? Сигурно вака се крие на денешните ...
„Се натпреварував во шоуто Squid Game – не знаевме дали е ден или ноќ, халуциниравме бидејќи не спие... „Како што почнаа игрите, почнав да плачам. Мислам дека оние кои не ги играле игр...
Светскиот диџеј Махмут Орхан пушташе музика во родното село во Турција – дели сарми, ги прегрнува ро... Иако е светски познат диџеј, не заборава од каде му се корените – Махмут Орхан п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg