Кралски палавко: Принцот Луи го задева брат му Џорџ - превртува со очи, го имитира како си ја мести косата (видео)
- Детали
- среда, 07 мај 2025
Принцот Луи, како и секогаш, пак го украде вниманието со својата палавост и смешни реакции – овој пат го задева поголемиот брат Џорџ и го имитира како си ја мести фризурата и превртува со очи, а потоа се проѕева. Видеото слатко ќе ве насмее.
На децата од кралското семејство навистина не им е лесно – треба да бидат сериозни на важни јавни настани, но сепак се деца и игривоста им е најсилна страна.
Неодамна, принцовите Џорџ, Шарлот и Луи изненадно се појавија со нивните родители Вилијам и Кејт на прослави по повод денот на завршувањето на Втората светска војна, како и на настани за оддавање чест на ветераните кои учествувале во истата.
Иако во минатото и Џорџ и Шарлот го краделе вниманието со нивните смешни реакции како помали деца, сепак, најмалиот принц Луи е убедлива ѕвезда и победник со својата слатка палавост и детска безгрижност.
Тој секогаш има забавни реакции, а овој пат, освен што беше забележан на камера како се плази со јазикот и како го чисти и тегне татко му по униформата, имаше уште една смешна ситуација.
Моментот кога му помага на татко му и му ја „зачистува“ униформата:
@thesun Moment cheeky Louis helps out dad Wills at VE Day parade. So cute! #princelouis #theroyalfamily #princewilliam
♬ original sound - The Sun
Видеото кое ги насмеа уште послатко сите е моментот кога најстариот принц Џорџ, сериозен во ликот си ја мести фризурата, а малиот брат Луи, вешто го имитира и ги повторува неговите движења.
Погледнете ја смешната ситуација:
Повеќе фотки од кралското семејство на настанот:
Погледнете и Проѕевање, исплазен јазик: Најсмешните реакции на децата од кралското семејство за време на важни настани (фото)
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





