Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


13-годишно момче прави ремек-дела од торти – учел сам гледајќи видеа од YouTube

Браво! Ова е момчето кое стана вирален хит заради своите вештини за правење торти на само 13 години, учејќи сам од YouTube видеа, а веќе дури и заработува од ова.

13-godishno-momche-pravi-torti-kako-remek-dela-uchel-sam-gledajkji-videa-od-youtube-1.jpg

Бракстон Харст е 13-годишен тинејџер кој без никакви формални курсеви, ги усовршил своите пекарски способности само преку YouTube видеа.

Тој барал онлајн рецепти, ги гледал видеата и пробувал да ги повтори.

Момчето станало толку добро во тоа, што сега е махер за торти кои наликуваат на ремек-дела и заработува од тоа.

13-godishno-momche-pravi-torti-kako-remek-dela-uchel-sam-gledajkji-videa-od-youtube-03_copy.jpg

Бракстон прави торти со уникатни декорации за родендени и секаков тип на прослави во неговиот град Толедо во Охајо, а ги продава од 30 до 100 долари.

13-godishno-momche-pravi-torti-kako-remek-dela-uchel-sam-gledajkji-videa-od-youtube-04.jpg

Неговата цел е да собере доволно пари за да може да се пријави на камп за печење летово во Њујорк.

„Тој е одличен во ова. Горда сум на него. Почна да гледа рецепти онлајн и да сака да ги повторува. Една сабота се разбудив со звукот на миксерот, а тој беше во кујна и ми рече – Видов рецепт на Јутјуб и сакав да го пробам“ - изјавила мајка му за медиумите.

13-godishno-momche-pravi-torti-kako-remek-dela-uchel-sam-gledajkji-videa-od-youtube-05.jpg

Неколку часа подоцна тој направил торта за восхит, со слоеви во различна боја како виножито, а делото го објавил на својот канал на Јутјуб.

Сега тој редовно ги споделува неговите ремек-дела од торти и на својот Инстаграм профил, а за кратко време стана вирален хит со своите кулинарски вештини од млади години.

13-godishno-momche-pravi-torti-kako-remek-dela-uchel-sam-gledajkji-videa-od-youtube-06.jpg

Погледнете дел од нив: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Има само 2 години, а продава слики за 6.000 евра – Детенце од Германија го споредуваат со Пикасо Лоран создава ремек-дела на само 2 години. Не сака да излезе од студиото за слик...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg