Пар на одмор во Турција стана мета на критики - оставале пешкири на лежалки за да си чуваат место додека се на појадок
- Детали
- недела, 08 јуни 2025
„Не разбирам зошто толкава драма. Мислев дека е нормално да станеш, да ставиш крпа на лежалка и да одиш на појадок“, вели Рејчел од Велика Британија, која со сопругот стана мета на критики поради овој став. Правилно или погрешно, што мислите?
Рејчел Мекгиган и Дејвид се пар од Велика Британија, кој се најде на удар на јавноста поради однесувањето за време на одморот во Турција.
Тие станаа мета на критики затоа што ставале пешкири на лежалки додека оделе на појадок, за да си зачуваат место.
Рејчел и Дејвид отседнале во хотел во летувалиштето Фетие, западно од Анталија.
Фетие, Турција
Рејчел предизвикала поделени мислења кога на ТикТок открила дека си ставаат крпи на лежалките покрај базенот и заминуваат на појадок, оставајќи ги така околу половина час.
Луѓето на социјалните мрежи ја коментираат оваа ситуација:
„Јас само ги тргам крпите ако е полно. Не ми е грижа чии се…“
„Само фрлете им ги крпите во базенот. Во повеќето хотели и ресорти ова не е дозволено“.
Но, имало и такви што ги бранеле:
„Не разбирам зошто толкава драма. Мислев дека е нормално да станеш, да ставиш крпа на лежалка и да одиш на појадок“.
Рејчел вели: „Ми беше чудно што луѓето толку се вознемирија затоа што оставивме крпи само половина час додека јадевме. Ме обвинија дека сум себична“.
Подоцна, Рејчел објави шега на нејзиниот ТикТок профил „Holidays & Hangovers“, каде што прикажува како става крпи во 5:30 наутро и наводно оди на „лажни екскурзии“ цел ден без да се врати на лежалките.
Поентата е да се пошегува на тема резервираните лежалки.
Сепак, многу следбеници не сфатиле дека станува збор за шега, па буквално и го преплавиле нејзиниот профил со негативни коментари повторно.
„Резервирате лежалки, не ги користите, а не им дозволувате на другите да седнат. Дали сте помислиле дека вие сте проблемот?“
„Одиш на одмор за да се одмориш, а завршуваш така што стануваш рано за да ставаш крпи. Затоа јас користам Airbnb...“
И покрај критиките, Рејчел за втората ситуација вели: „Откако се случи првиот пат, мислев дека ќе биде смешно ако се пошегувам на целата ситуација. Не очекував луѓето да ја сфатат шегата толку сериозно“.
Таа објаснува: „Немаше недостиг од лежалки, бевме пред сезоната, па ставањето крпи пред појадок не беше проблем за никого. Бев изненадена од сите коментари.“
Што мислите вие за оваа ситуација?
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





