Што ќе ви ја уништи кариерата?

sto-ke-vi-ja-unisti-karierata-povekjeЧесто во весниците читаме за бизнисмени и луѓе од шоу бизнисот, нивното однесување, успеси и неуспеси. Во медиумите се зборува како тоа влијае...

 

...на нивната кариера, меѓутоа после некое време гледаме како тие стануваат уште попопуларни и влијателни. За да го зачувате сопствениот професионален углед избегнувајте:

sto-ke-vi-ja-unisti-karierata

1. Можеби мислите дека сликата од вас мртви пијани, ставена на Фејсбук или на вашиот блог изгледа интересно, но можеби вашиот шеф не го дели мислењето. Размислете каков имиџ сакате да остварите на работа. Таква слика сигурно не се вклопува во замислата.

2. Откривање доверливи информации за фирмата е чин со кој ќе си наштетите себеси повеќе отколку на фирмата. Ни конкурентската компанија која имала корист од вашите информации никогаш не би ве вработила.

3. Немојте да ги оговарате ни пред пријателите, својот шеф и колегите од канцеларија. Никој не сака да се зборува за него лошо. Шефот може да ве отпушти, а колегите да ви го загорчат животот во канцеларија. Работата и трачевите оставете ги во канцеларијата.

4. Ако во слободно време работите за конкуренцијата, убаво и детално прочитајте го договорот. Некогаш компаниите имаат многу стриктни договори кога е во прашање конкуренцијата, па може ќе треба својата грешка да ја отплаќате неколку години.

5. Без разлика дали се работи за приватна журка или канцелариска забавам никогаш немојте да се опиете пред шефот.

6. Слободата на говорот ви дозволува да кажете сè што сакате, но прашање е зoшто би го кажале тоа? Расистички, сексистички и други слични изјави оставете ги за себе.

7. Можеби не ви се надредени, но ако ги прогонувате или злоставувате на било кој начин колегата или колешката, шефот секогаш ќе биде на страна на жртвата. Ако ништо друго поради стравот од тужба.

8. Сакате да го поминете денот во шопинг. Наједноставно е да одглумите болест. Можеби е попаметно да побарате слободен ден за да не се справувате со потешки последици.

9. Не шверцувајте пријатели на службени патувања. Побарајте дозвола од шефот.

 

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...
Бизарна сцена: Италијански водител среде емисија во живо лиже стапало на гостинка (видео) Италијански водител приреди бизарна сцена со една од најпознатите инфлуенсерки в...
Нови правила за инфлуенсерите во Дубаи, каде работат и многу Македонци - мора да извадат посебна доз... Во Обединетите Арапски Емирати, вклучено и Дубаи, се менуваат правилата за инфлу...
„Црвениот ѓавол“, арогантен сноб - Кои се најомразените членови на кралското семејство (и зошто)? Принцот Ендру се качил на покривот на Бакингемската палата да ја помести антенат...
Кој е Ел Менчо, наркобосот чие убиство предизвика вооружени немири во Мексико? Потекнувајќи од сиромашно семејство кое одгледувало авокадо, Ел Менчо нелегално ...

Најчитани неделава