Вдовицата на Диого Жота се огласи првпат по погребот: „Еден месец од нашето ‘додека смртта не нè раздели’“

„Помина еден месец од нашето ‘додека смртта не нè раздели’. Засекогаш, твојата девојка во бело“ - напиша на Инстаграм Рут Кардозо, која само 11 дена беше во брак со фудбалерот пред тој да загине.

vdovicata-na-diogo-zhota-objavi-svadbeni-fotki-i-potresna-poraka-eden-mesec-od-nasheto-dodeka-smrtta-ne-ne-razdeli-01.jpg

Рут Кардозо, сопругата на Диого Жота, која беше само 11 дена официјално во брак со фудбалерот на „Ливерпул“, еден месец по денот на нивната венчавка (22.06), објави три свадбени фотки на Инстаграм.

vdovicata-na-diogo-zhota-objavi-svadbeni-fotki-i-potresna-poraka-eden-mesec-od-nasheto-dodeka-smrtta-ne-ne-razdeli-04_copy.jpg

Две фотографии се од нивниот прв свадбен танц, и една на која се држат за рака и во фокусот се неговата бурма и нејзиниот свршенички прстен.

vdovicata-na-diogo-zhota-objavi-svadbeni-fotki-i-potresna-poraka-eden-mesec-od-nasheto-dodeka-smrtta-ne-ne-razdeli-05.jpg

Покрај фотките, вдовицата на Жота напиша потресна порака, во која истовремено ја покажува и својата болка, но и среќата поради љубовта и годините поминати заедно со фудбалерот.

„Помина еден месец од нашето ‘додека смртта не нè раздели’. Засекогаш, твојата девојка во бело“ - пишува на Инстаграм.

vdovicata-na-diogo-zhota-objavi-svadbeni-fotki-i-potresna-poraka-eden-mesec-od-nasheto-dodeka-smrtta-ne-ne-razdeli-02.jpg

Рут носеше бело и на погребот на Жота, како симбол дека ќе го слави неговиот живот.

За потсетување, португалскиот фудбалер загина во сообраќајна несреќа на 03.07 во Шпанија, заедно со својот помал брат, Андре Силва.

Несреќата се случи 11 дена по свадбата со Рут Кардозо, која му беше љубов од неговите 16 години.

Прочитајте и Се запознале на 16 години, се венчаа 11 дена пред да загине: Љубовната приказна на Диого Жота и сопругата заврши трагично

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...

Најчитани неделава