Што знаеме за атентатот на Чарли Кирк - убиството за кое коментира целиот свет?

Од ФБИ отворија онлајн линија преку која очевидците можат да споделуваат информации за убиецот доколку виделе или видат нешто.

Иако има многу обвинувања од поддржувачите, но и противниците на Чарли Кирк, засега не се знае кој стои зад трагичното убиство, ниту кој бил мотивот.

shto-znaeme-za-atentatot-na-konzervativecot-charli-kirk-koj-beshe-zastrelan-na-univerzitetski-kampus-04.JPG

Во меѓувреме, бројни политичари изразија сочувство на смртта на Чарли и порачуваат дека политичкото насилство никогаш не е оправдано, без разлика кој на која партија припаѓа.

Поранешниот претседател Џорџ Буш изјави дека насилството мора да биде искоренето:

„Членовите на другите политички партии не се наши пријатели, тие се наши сограѓани“.

shto-znaeme-za-atentatot-na-konzervativecot-charli-kirk-koj-beshe-zastrelan-na-univerzitetski-kampus-09.JPG

Се огласи и претходниот претседател Џо Бајден, кој исто така вели дека насилството треба да се искорени од САД.

Поранешниот претседател Барак Обама е со ист став, а додаде и дека со Мишел ќе се молат за сопругата на Чарли и неговите две деца.

Претседателот Доналд Трамп напиша низа објави, а се обрати и со видео во кое вели дека атентатот одбележал „мрачен момент во Америка“.

shto-znaeme-za-atentatot-na-konzervativecot-charli-kirk-koj-beshe-zastrelan-na-univerzitetski-kampus-03.JPG

Во меѓувреме, покрај универзитетот се собраа поддржувачи на Чарли кои му оддаваат почит.

Чарли Кирк стекна репутација на еден од најгласните и највлијателните говорници на политичката десница.

Беше лојален советник на Доналд Трамп и член на републиканската партија, а од противниците се соочуваше со критики за неговите контроверзни ставови и изјави.

shto-znaeme-za-atentatot-na-konzervativecot-charli-kirk-koj-beshe-zastrelan-na-univerzitetski-kampus-05.JPG

Во 2021 година, тој се венча со сопругата Ерика која е успешна бизнис жена и филантроп, а има победено и на Мис Аризона САД.

Во 2022 година тие добија ќерка, а во мај минатата година добија и син.

shto-znaeme-za-atentatot-na-konzervativecot-charli-kirk-koj-beshe-zastrelan-na-univerzitetski-kampus-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Meланија Трамп во светкав фустан издоминира како некогаш - фатена за рака со Доналд Трамп Меланија и Доналд Трамп вљубени на новогодишната забава во неговата зимска резид...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...

Најчитани неделава