„Живееше со мене во пештери 14 години, се селевме 49 пати“ - Која е сопругата на новиот претседател на Сирија?
- Детали
- недела, 28 септември 2025
Кога на почетокот на 2025 член на Ал Каеда стана претседател на Сирија, светот стравуваше од нова војна. Но, Ахмед ел-Шара полека ја менува земјата со сопругата Латифа покрај себе, а првата дама на Сирија е вклучена и во државнички активности. Која е жената која му е ветер во грб на сирискиот претседател?

Ахмед ел-Шара, поранешен член на најозлогласените организации од Блискиот Исток е новиот претседател на Сирија - и додека светот е изненаден од овој избор, тој е среќен што влегува во високите светски кругови, а полека ја воведува и институцијата „прва дама“ во своите јавни настапи, па неговата сопруга Латифа е сè почесто присутна покрај него.
Ахмед ел-Шара беше член на Ал Каеда со години, а денес се ракува со државници во костум.

Тој дури и беше меѓу говорниците на Генералното собрание на Обединетите нации минатата недела, заедно со претседателите на Аргентина, Украина и Иран.
Ел-Шара е претседател на Сирија од јануари 2025 година, по соборувањето на режимот на долгогодишниот претседател Башар ал-Асад.

Оттогаш, тој патува низ светот и со задоволство е домаќин на странски државници кои доаѓаат во земјата.
Но, неодамна со него почна да се појавува и новата прва дама на Сирија, неговата сопруга Латифа ел-Друби.

На почетокот на септември, медиумите од Блискиот Исток објавија дека таа се појавила на церемонијата за доделување дипломи на Факултетот за уметност и хуманистички науки на Универзитетот во Идлиб како прва дама, бидејќи во меѓувреме магистрирала.
На церемонијата присуствувал и нејзиниот сопруг, кој ѝ ја врачил дипломата, по што следел аплауз од присутните.
Во својот говор Латифа ел-Друби нагласила дека не била таму како прва дама, туку како „сириска студентка која носела сон во своето срце и го следела и покрај предизвиците со кои се соочувала низ годините“.
/video/3
Но, тоа не беше првпат Латифа да се појави јавно како прва дама на Сирија.
Таа во февруари ја посети Мека со својот сопруг, но со силно обезбедување помеѓу нив и мажите дојдени на аџилак.
Во тоа време во јавноста првпат осамна и нејзина фотографија, на која е покрај Емина Ердоган, првата дама на Турција.

