Предлог книга: Забавата може да почне - Николо Аманити

„Забавата може да почне“ е комичен и забавен роман во кој се следи животот на два различни, но интересни лика. Првиот, Фабрицио Чиба е млад писател и ТВ водител, особено популарен и омилен во Италија. Автор е на еден високо тиражен краток роман што наидува на добар прием кај критиката и пошироката јавност, но и покрај популарноста има проблем со своето творештво и веќе неколку години го мачи безидејност. Фабрицио е познат и по својата дарба за говор, и со својата спонтана инспирација умее да ја маѓепса публиката, па затоа честопати го канат како промотор на книги од познати автори.

zabavata-moze-da-pocne-nikolo-amaniti-01

Токму таа слава донекаде го компензира неговиот непотполн успех како автор, сè до еден момент кога случајно го наслушува разговорот на неговите издавачи, кои ја оспоруваат неговата книжевна  вредност, го исмејуваат и ја откриваат својата намера да ги омаловажат неговиот лик и дело. Токму тој разговор го носи на забавата на столетието во најпознатата вила во Италија - Вила Ада - што треба да биде најголемиот монденски настан во историјата на Италија.

Актери, музичари, модели, спортисти се дел од списокот... но тука е и вториот главен лик Саверио со останатите членови од неговата секта, кои се дојдени со цел да направат нешто по кое ќе бидат забележани во историјата. Саверио е средовечен човек кој е заглавен во својата просечност и неспособност. Изложен на критика дома од сопругата и на работното место од претпоставениот, тој полека губи надеж во самиот себе и мора што поскоро да направи големо дело за да му даде смисла на својот живот.

Забавата почнува... но не во насока во која посакуваат гостите... Се случуваат необични доживувања кои ќе ги претворат животите на угледните гости во една грандиозна и замрсена човечка комедија.

Исклучително интересен и забавен роман кој се чита во еден здив. Откако ќе го прочитате долго време ќе ве држи убаво чувство, што ќе ве поттикне да барате нови дела од авторот Аманити.

Николо Аманити е роден во 1966 г. во Рим, и медитеранскиот менталитет и емотивноста како силна одлика на луѓето од овие краишта се чувствуваат во неговите дела. Во светот на книжевноста влегува со романот „Шкрги“ и збирката приказни „Блато“. Доживува светски успех со делото „Доаѓам по тебе и те водам со себе“. На својата триесет и четиригодишна возраст Аманити ја добива престижната награда Viareggio-Repaci за романoт „Не ми е страв“, што го прави најмладиот писател досeга што го добива ова признание.

Автор е и на делата „Последната нова година“, „Како што бог заповеда“ и други, што се преведени на повеќе од четириесет јазици. Според неговите дела се снимани филмови од страна на познати режисери, кои исто така постигнале големи успеси.

Би можело да ве интересира:

Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Ги викаа „најубавиот италијански пар“ - По разводот тој откри дека покажувале лажна среќа на Инстагр... Раперот признава дека чувствува гадење кон својот минат живот, кога играл улога ...

Најчитани неделава