Српските кралици на силиконот: Мама и тато ни ги плаќаат операциите

Тијана и Сања се пластичните девојки од Србија кои изминативе неколку дена се главни ѕвезди по социјалните мрежи. Роднини се и имаат ист број на операции кај истиот пластичен хирург. За момент го шокираа светот, но признаа дека тоа воопшто не ги засега.

kralici-na-silikonot-mama-i-tato-ni-gi-plakaat-operaciite-01

- Имам свој став, свое мислење, среќни сме и задоволни. Најважно ни е што имаме поддршка од семејството, а сите останати може да не остават на мира и да ги гледаат нивните животи, затоа што нашите се совршени, изјавила Сања.

Овие црнки, кои имаат огромен број на интервенции што сите мислат дека се близначки, за прв пат беа забележани на една хуманитарна забава, по што следеа бројните бурни реакции и негативни коментари.

kralici-na-silikonot-mama-i-tato-ni-gi-plakaat-operaciite-02

Многумина се запрашаа за нивната психичка состојба, а на тоа овие две кралици на силиконот одговорија:

- Престанаа да не засегаат негативните коментари. Родителите се постојано до нас, дури и ни даваат пари за операциите. Јас сум единка, тато работи во една фирма, а мама е домаќинка. Живеам сама и моментално никаде не работам, туку студирам, раскажува Тијана која ни самата не знае точно колку пластика има во себе, но затоа добро знае колку сето тоа е платено.

- Во себе вложив преку 10.000 евра. Сања исто така. Во менувањето на изгледот имавме поддршка и од естетскиот хирург. Мажите не се плашат да ми пријдат, но моментално немам момче. Уживам во операциите затоа што не сакам ништо што е природно. Мислам дека сум убава и не гледам зошто мојот изглед би го коментирале другите.

kralici-na-silikonot-mama-i-tato-ni-gi-plakaat-operaciite-03

Се прашувате колку точно ги чинела секоја операција?

Јаболкници - 1.000 евра

Усни - 1.800 евра

Нос - 2.000 евра

Гради - 5.000 евра

Трајна шминка - 500 евра

Леќи - 100 евра

Надградба на коса - 300 евра

kralici-na-silikonot-mama-i-tato-ni-gi-plakaat-operaciite-04

Би можело да ве интересира:

Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...

Најчитани неделава