До непрепознатливост: Трансформацијата на брачниот пар кој ослабе речиси 130 килограми

Трансформацијата на Роберт и Џесика Фостер започнала пред само 2 години, а денес е една од најмоќните и најневеројатните.

transformacijata-na-bracniot-par-koj-oslabe-recisi-130-kilogrami-01.jpg

Во 2011 година Роберт Фостер имал речиси 150 килограми, а Џесика 130. Во јавноста биле познати како љубители на скара, некупувачи на овошје и зеленчук и луѓе кои носат облека исклучиво по нарачка.

Приватно, нивната приказна била поинаква. Роберт бил лут затоа што не можел да ги прошета своите 4 ќерки ниту до најблискиот парк, а Џесика се чувствувала невидливо на нејзиното работно место.

Во март 2012 година, брачниот пар имал емотивен разговор. До тогаш многу пати зборувале за тоа како нешто мора да се промени, но овој пат нешто било поразлично.

„Ги обожавам моите деца и го сакам мојот сопруг, но имаше моменти кога се мразев себеси. Токму затоа не можев да им го дадам својот максимум,“ раскажува Џесика.

„Мораш да се погледнеш во огледалото и да се запрашаш - Ќе дозволам ова да продолжи или ќе застанам и ќе направам некоја промена?“

Во следните неколку недели Џесика започнала со Зумба часови, а по само 3 недели изгубила 6 килограми - доволно за да го продолжи предизвикот.

Трансформацијата на Роберт се одвивала побавно. Но, и покрај одбивноста од секоја спортска активност започнал да игра тенис и да ја избегнува обилната вечера.

За време на летото во 2012 година, парот ги заменил напорните тренинзи со семејни дружби, прошетки и пливање.

До крајот на годината, Роберт и Џесика се пријавиле за 5-километарски маратон кој успешно го завршиле.

За време на оваа преобразба, парот решил да ја прекине нездравата врска со храната, па така целото семејство започнало да консумира здрави и нискокалорични оброци.

„Стигнавме до момент каде што не се грижевме што јадат нашите деца. Ако продолжевме уште некоја година, и тие ќе го имаа истиот проблем со килограмите, без сомневање,“ вели Роберт.

Роберт и Џесика денес тежат по 75 килограми во просек. Џесика изгубила 54 килограми, а Роберт цели 72 килограми од март 2012-та.

„Многу луѓе станаа пријателски настроени, наместо да ме гледаат со зачудување. Често добивам комплименти од спротивниот пол, што ми се нема случено во животот,“ изјавила Џесика.

„Се сакам каква што сум. Сакам кога се гледам во огледало. Знам дека се уште ме чека работа на себе, но сега знам дека сум поинаква и посреќна личност.“

Погледнете ја животната приказна на овој млад брачен пар низ само неколку фотографии:

Би можело да ве интересира:

„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Ми изгоре целото лице откако другар истури бензин во логорски оган – ми паѓаа парчиња кожа додека м... Млада девојка од САД го споделува своето страшно искуство за да ја зголеми свесн...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...

Најчитани неделава