Богаташи без дипломи

bogatasi-bez-diplomi-povekjeПрошетката по биографиите на најпознатите светски бизнисмени исфрли на површина eдна интересна констатација – дури една третина од 400-те...

 

...најбогати луѓе на планетата немаат факултетска диплома, што е дијаметрално спротивно на денешните инсистирања дека знаењето е најголемото богатство.

Практиката покажува дека за голем број луѓе факултетите и не се некој битен фактор за нивниот успех.

Без факултетска диплома успеаа основачите на Microsoft, најбогатиот човек на bogatasi-bez-diplomiсветот, Bill Gates и неговиот партнер Paul Allen, потоа мозокот на Apple Computers, Steve Jobs, но и првиот човек на Dell Computers, Michael Dell, кој почнувајќи со само 1.000 долари во џебот успеа да дојде до најпрофитабилното производство на компјутери, вредно 12,3 милијарди долари.

Оваа состојба не е присутна само во компјутерскиот бизнис, меѓу успешните на кои учењето не им било силна страна се и Richard Branson, кој исто така почнал од нула, а денес има 360 успешни претпријатија.

Гледано низ историјата, меѓу попознатите во оваа група влегуваат и Henry Ford, кој почнал како чирак на 16 години, но и легендарниот Walt Disney.

Сепак, мора да се спомне дека вториот и третиот на годинашната ранг листа на Forbes, Warren Buffet, најпознатиот светски инвеститор и Carlos Slim, мексиканскиот телекомуникацијски магнат со либијско потекло, имаат факултетска диплома.

Значи, може да се изведе заклучокот кој веројатно е и најблиску до вистината - факултетот не е важен услов за деловниот успех, но и дека со високото образование може полесно да се реализираат соништата.

Би можело да ве интересира:

„Живеам во гратче на Алјаска каде сонцето не изгрева по 2 месеца – славиме кога завршува поларната н... „Темницата не нè забавува, но мораме да го слушаме телото за тоа кога е време да...
Американка се пресели на Балканот и се чуди: „Тука се чисти премногу, се перат завеси често, а мора ... „Чувствувам дека ако излегувам од куќата морам да имам средена коса, малку шминк...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
Мислењата поделени: Забрана за деца во некои вагони во возови во Франција - за да не го рушат мирот „Откако стана прифатливо родителите да не ги контролираат своите деца, тогаш да,...
Богата инфлуенсерка се фали со подароците од сопругот за Валентајн - Но, дали повторно лаже? Наводно 12 години постариот сопруг на Леонора Сми (30) секој ден од месец февруа...
Вознемирувачки инцидент: Maж ја бакнува во врат и ја фаќа за гради мексиканската претседателка (виде... Вирално се шири видео од непријатен момент – додека претседателката разговара со...

Најчитани неделава