Врв на апсурдот: Фотографија од компир продадена за еден милион долари

Колку мислите дека вреди оваа фотографија од обичен компир? Веројатно би рекле дека ни би ја купиле ни за денар, но продадена е за 1 милион долари.

fotografija-od-kompir-prodadena-za-eden-milion-dolari-01.jpg

Токму така, „Potato #345“ е направена од страна на ирскиот уметник Кевин Абош, а бизнисменот која ја купил, дал за неа 1,089,335 долари.

Абош е познат по своите портрети и претходно има фотографирано познати личности како Јоко Оно и Џони Деп.

Човекот кој ја купил фотографијата, сака да остане анонимен. Сè што се знае за него е дека е богат бизнисмен кој очигледно може да потроши 1 милион долари за навидум едноставна фотографија по само неколку пијачки.

„Не ми е прв пат некој да дојде во мојот дом и да посака некоја фотографија која е закачена на моите ѕидови, но оваа е фотографија за која сум добил најмногу пари. Испивме две чаши вино и ми кажа дека му се допаѓа фотографијата, по уште две чаши ми кажа дека навистина сака да ја поседува фотографија“ - вели уметникот.

Сега е негова, за 1 милион долари.

fotografija-od-kompir-prodadena-za-eden-milion-dolari-1.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Ја криеше од јавност, а сега ја носи на сите важни настани: Што знаеме за ќерката на Ким Џонг Ун кој... Откако првпат се појави во јавност во 2022 година, 12-годишната ќерка на Ким Џон...
Контроверзен јутјубер е во врска со мајка и ќерка: „Изгледа бизарно, ама имаме граници и не спиеме з... Јутјубер од САД вели дека скоро две години е во врска со мајка и ќерка. Но, покр...
Избегната голема трагедија во Германија - пожар во преполна дискотека, спасени сите 750 гости (фото+... Во неделата, околу 3 часот по полноќ, во дискотека во Германија избувнал пожар ш...
Чудо во Венецуела по земјотресот: 3-годишно дете преживеало 6 дена под урнатините (видео) Цели шест дена по разорниот двоен земјотрес во Венецуела, тригодишно дете беше и...
Си го сменила презимето и побегнала во Париз: Која е тајната ќерка на Владимир Путин? Владимир Путин нема потврдено, но не ни негирал дека има 22-годишна ќерка која ј...

Најчитани неделава