Кој е најсреќниот град во Европа?

По последните истражувања направени од страна на Европската Унија, беше откриен најсреќниот град, а со тоа и најдобрата земја за живеење.

koj-e-najsrekjniot-grad-vo-evropa-01.jpg

Истражувањето е направено на 40.000 испитаници од 28-те членки на Европската Унија, кои требало да одговорат на прашања за тоа колку се среќни и задоволни од сопствениот живот.

Резултатите покажуваат дека, како и во претходните 12 истражувања, Норвешка е најдобрата земја за живеење, а Осло најсреќниот град.

Покрај Осло, уште еден град чии жители се најсреќни е Цирих. И во двата града, жителите биле 99% согласни дека се среќни и задоволни од сопствениот живот.

Ова воопшто не е чудно, ако се земе предвид дека скандинавските земји и Швајцарија често се наоѓаат на врвот на светските листи кои го истражуваат квалитетот на животот и среќата.

Но, резултатите покажале едно интересно и неочекувано сознание - главниот град на Литванија, Вилнус, е исто на врвот на листата со 98% задоволство на неговите жители. Исто како и Белфаст, Северна Ирска.

Градовите каде жителите изјавиле најмало задоволство се Истанбул, Атина и Палермо, Италија.

Ова воопшто не е чудно, ако се земе предвид фактот дека во последните месеци овие држави се соочуваат со политички протести.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарно: Јапонци медитираат во мртовечки ковчези, за „одново да го засакаат животот“ Неколку бизниси во Јапонија нудат медитација во мртовечки ковчег. Луѓето можат д...
Потег за поздрав кој ќе ве разнежни: Како учителка во Кина од најсрамежливиот ученик прави херој со ... Учителката го прашала најсрамежливиот ученик дали сака да извлече среќно ливче –...
Уби жена и не одговараше, не ја интересира бизнисот што ѝ донесе милијарди - Која е најбогатата жена... Двапати била во брак со „обични мажи“, но многу брзо се развела и од едниот и од...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Исчезнала пред 24 години и почнала нов живот, додека семејството ја барало: Детали за бизарниот случ... Мишел, кој е мајка на три деца, исчезнала во 2001 година. Повеќе од две децении ...
Избегната голема трагедија во Германија - пожар во преполна дискотека, спасени сите 750 гости (фото+... Во неделата, околу 3 часот по полноќ, во дискотека во Германија избувнал пожар ш...

Најчитани неделава